Кина по короната им дозволи на своите граѓани да патуваат во уште 70 земји
По укинувањето на последните ограничувања за патување поради пандемијата на корона вирусот, Кина им дозволи на своите граѓани да патуваат во уште 70 земји.
Одлуката е донесена бидејќи бројот на меѓународни летови до и од Кина постепено се враќа на нивоата пред пандемијата.
Кина воведе строги ограничувања и контроли на домашните патувања и речиси целосно ги затвори своите граници, откако коронавирусот се појави во градот Вухан кон крајот на 2019 година.
Постепеното укинување на рестрикциите започна на крајот на минатата година, но владата се двоумеше да продолжи да издава пасоши и да дозволи странски туристи да доаѓаат и нејзините граѓани да патуваат во странство.
„Надлежните државни служби на деловните субјекти од туристичкиот сектор ќе им ги дадат потребните насоки за спроведување на оваа одлука. Во овој момент би сакале да ги потсетиме сите добро да се подготват пред секое патување, да бидат безбедни и здрави и да покажат учтивост додека патуваат, уживајте во патувањето и безбедно вратете се дома“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.