Куса дебата за уставните измени, за гласање ќе се чека
Дебатата за иницијативата дали да се менува Уставот во Собранието траеше речиси три часа. Гласање немаше, тоа дополнително треба да биде закажано. Премиерот вели дека мотивот за уставните измени е влезот во ЕУ. Опозицијата која се противи на измените, не сака патот за Брисел да води преку Софија.