Најмалку 39 лица загинаа во судирите во Судан
Најмалку 39 лица, претежно жени и деца, загинале во вторник, на 29 август во Нијала, главниот град на Јужен Дарфур, соопштија медицински извори.
Цивилите беа убиени кога нивните куќи беа погодени за време на борбите меѓу армијата и паравоените сили, изјавија очевидци.
Од 11 август, според ОН, повеќе од 50 000 луѓе биле принудени да ја напуштат Нијала.
Во исто време, командантот на суданската армија, генерал Абдел Фатах ал Бурхан, пристигна во Египет на 29 август, на неговото прво патување во странство за време на четиримесечниот конфликт меѓу армијата и паравоените формации.
Претседателот Абдел Фатах ел Сиси го пречека генералот во Ел Аламеин, на северот на Египет, јавуваат египетските државни медиуми.
Вооружените борби во Судан ескалираа во средината на април по неколкумесечна тензија меѓу ривалите генералот Абдел Фатах Бурхан и Мохамед Хамдан Дагало, командант на одметнатите Сили за брза поддршка (РСФ).