Најмалку 60 жртви во пожар во зграда во Јоханесбург
Најмалку 63 лица загинале во пожар што избувна во зграда во четвртокот наутро во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, потврдија службите за итни случаи.
Повредени се уште 40 лица.
Зградата е евакуирана и во тек се операции за пребарување и спасување.
Портпаролот на службата за итни случаи Роберт Мулауџи изјави дека операцијата за пребарување и спасување на затрупаните во урнатините е во тек и дека бројот на жртви најверојатно ќе се зголеми.
Властите соопштија дека пожарот главно бил изгаснат, но од прозорците на изгорената зграда во центарот на Јоханесбург сè уште излегува чад.