За грчката опозиција важен е Уставот, иредентизмот и идентитетот на Македонија
![За грчката опозиција важен е Уставот, иредентизмот и идентитетот на Македонија](https://gdb.rferl.org/BDD193C5-3B8E-4091-82B0-36CAB409E7A7_cx0_cy16_cw0_w800_h450.jpg)
Лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис изјави денеска дека нив не ги засега само прашањето за името, туку и Уставот, иредентизмот и идентитетот на Македонија.
Тој во интервју за грчкото радио Реал фм порача и дека кога се отворил прозорецот на можност, грчкиот премиер Алексис Ципрас започнал со тајна дипломатија, не ја известил опозицијата, туку се обидел да ја подели, а го поделил и општеството.