Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Апрель
2018

Новости за 09.04.2018

Најмалку 30 загинати откако автобус паднал во клисура во Индија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 30 луѓе, вклучително 27 деца, денеска загинаа во северна Индија, кога школски автобус паднал во длабока клисура во подножјето на Химелаите. Полицијата соопшти дека автобусот ги превезувлал младите ученици дома, во државата Химачал Прадеш, а несреќата се случла на 325 километри од главниот град на државата Шимла. Високиот полициски службеник Сантош Патиал изјави дека автобусот се превртел во клисура длабока 60 метри, додавајќи возачот и двајца наставници се исто така загинати. Повеќето од учениците биле меѓу 10 и 12 годишна возраст... Читать дальше...

Трамп: Во рок од 24 до 48 часа ќе одлучиме за одговорот на САД во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Стејт департмент соопшти дека симптомите на жртвите од навеодниот напад со хемиско оружје на 7 април во сирискиот град Дума, се доследни на „асфиксирачките агенси„ и „нервни агенси од тој тип.“ Стејт департментот денеска соопшти дека не успеал да утврди каков тип на нервен агенс бил користен во нападот, додавајќи дека силите на сириската влада и нејзините сојузници Русија и Иран, отфрлаат пристап и истрага од страна на меѓународни набљудувачи. Стејт департментот исто така соопшти... Читать дальше...

Најмалку шестмина загинати во бомбашки напад во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Во извештаите од Авганистан се вели дека најмалку шест цивили се убиени во бомбашки напад во близина на џамија и пазар во провинцијата Херат. Џилани Фархад – портпарол на гувернерот на провинцијата Херат, изјави дека меѓу загинатите се четири деца, две женски и две машки. Фархад додаде дека девет други деца се повредени во напад во градот Шинданд, на северниот крај на долината Зеркох. Тој истакна дека експлозивите биле ставени на моторцикл без возач и биле детонирани со далечински управувач. ... Читать дальше...



Вучиќ: Наше е да водиме политика на мир

SlobodnaEvropa.mk 

Србија се занимава со политика на мирот, и нема да се занимава со пушки, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во одговор на заканите од косовскиот претседател Хашим Тачи. „Не сакам да се занимавам со пушки и оружје како Тачи, нека тој го прави тоа. Но, неговите пушки не ја разорија Србија туку некои авиони. А, наше е да водиме политика на мир“, изјави Вучиќ во Мостар. Тој додаде дека треба внимателно да се чита изјавата на Тачи кога вели дека пред 19 години засекогаш е симната границата на две држави на албански народ... Читать дальше...

Тачи: На заканите од Србија ќе одговориме како пред 19 години - со пушки

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека на „заканите од Србија“ ќе биде одговорено со „пушки“. „На тие закани ќе одговориме исто како што одговоривме пред 19 години - со пушки“, истакна Тачи. Тој одржа говор на манифестацијата на караулата Кошаре, која се одржува по повод 19 години од конфликтот меѓу тогашната југословенска војска и ОВК на тој дел од границата. Косовските Албанци таа манифестација ја одржуваат на денот кога, како што велат, „конечно е отстранета границата меѓу албанските земји“.

Израел обвинет за ракетниот напад врз сириската воена база

SlobodnaEvropa.mk 

Сирија и нејзиниот сојузник Русија го обвинија Израел за извршување на ракетен напад во текот на ноќта врз сириска воена воздушна база, откако тензиите растат во насока на меѓународните реакции поради сомневањата за хемиски напад во кои десетици луѓе загинаа во градот Дума. Сириските државни медиуми соопштија дека неколку лица биле убиени или повредени во нападот врз базата Тајфур во близина на градот Хомс во раните утриснки часови на 9 април. Израел, кој и претходно гаѓаше цели во Сирија, засега не коментираше во врска со обвинувањата. Читать дальше...

Азербејџанското опозициско движење се прогласи за партија

SlobodnaEvropa.mk 

Азербејџанското опозициско движење Републиканска алтернатива (РЕАЛ), чии лидер е во затвор, соопшти дека сега сега е политичка партија, но оти нема да бара формална регистрација од државата. Членот на Советот на РЕАЛ, Натик Џафарли, за РСЕ денеска изјави дека одлуката за претворање на движењето во политичка партија било направерно на онлајн состанок одржан за време на викендот. Најавата доаѓа во пресрет на предвремените претседателски избори на 11 април, на кои се чини дека сигурно ќе овои нов мандат авторитарниот претседател Илхам Алијев... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ бара недоверба во Владата оти работи само за партиски интереси

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието денеска го објави барањето за гласање на доверба на Владата поднесено од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и потпишано од 41 пратеник на партијата. Во образложението се наведува дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ во изминатиот период покажала дека нема капацитет за водење на институциите кои се под извршната власт. „Оваа Влада наместо да се зафати со решавање на реалните проблеми и потреби на граѓаните на Република Македонија како што ветуваа во предизборието, тие работат исклучиво... Читать дальше...



ЕУ го повика Орбан да ги почитува европските вредности

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ ја повика Унгарија да се стави во одбрана на европските вредности откако десничарскиот премиер Виктор Орбан победи на изборите и освои нов трет мандат по ред на функцијата. „ЕУ е унија на демократија и вредности“, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас додавајќи дека одбраната на тие вредности е заедничка должност на сите земји членки без исклучок. Брисел постојано е во судир со Орбан околу неговата антиимиграциона политика, како и неговиот прогон на невладините организации. Читать дальше...

Медведев побара контра мерки за санкциите на САД

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот премиер Дмитри Медведев изјави денеска дека последните санкции од САД врз земјата се неприфатливи и нелегитимни. Тој и наредил на Владата да подготви одговор на санкциите и мерки за погодените руски компании. САД пред три дена воведоа санкции за 24 Руси меѓу кои има владини претставници и олигарси, како и за 14 компании, поради активности на земјата за поткопување на западните демократии.

Меркел му ја честита победата на Орбан на изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел му ја честитала победата на унгарскиот премиер Виктор Урбан на изборите во земјата. Портпаролот на германската влада, Штефан Зајберт изјави дека Меркел ќе продолжи да соработува со Орбан и покрај нивните несогласувања околу миграцијата.

Руралните општини бараат повеќе пари за инфраструктура

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќето рурални општини се соочуваат со слични проблеми. Лоша инфраструктура, несоодветна канализација, проблеми со водоснабдување, висока невработеност... Заедничко им е и немањето средства за реализација на приоритетните проекти. Владата ветува помош, но и транспарентост за трошењето.

Најмногу коментари за препукувањата меѓу Заев и Мицкоски

SlobodnaEvropa.mk 

Препукувањата меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Мицкоски, за тоа кој на кого може да му држи лекции по економија, е најкоментирана тема од нашите читатели на Фејсбук. Тие исто така коментираа за барањето за интерпелација на Владата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Лавров негира дека сириските сили стојат зад хемискиот напад

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека обвинувањата оти сириските власти го извршиле нападот со хемиско оружје во градот Дума кој е под контрола на бунтовниците се неточни и се провокација.Тој по средбата со неговиот турски колега во Москва порача и дека воздушниот напад извршен вчера врз сириска воена база е опасен развој на настаните. Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итен состанок посветен на наводниот напад со хемиско оружје во Сирија. Читать дальше...

Науката се сфаќа како товар, а не развој на општеството

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија пред десет години престанало финансирањето на научно-истражувачки проекти, велат универзитетски професори. Министерката за образование и наука Рената Дескоска вели дека треба со закон да се направи притисок секоја идна влада да финансира научни истражувања.

Новиот претседател на Ерменија положи заклетва на функцијата

SlobodnaEvropa.mk 

Армен Саркисјан положи заклетва како претседател на Ерменија во услови на шпекулации дека неговиот претходник Серж Саркисјан со кого не е роднински поврзан ќе ја преземе премиерската функција, која има поголема моќ по спроведувањето на уставните реформи во земјата. 64 годишниот Армен Саркисјан, кој е поранешен амбасадор во Британија беше избран од пратениците на 2 март. Парламентот треба да го избере идниот премиер на земјата на 17 април.

Турција депортирала стотици Авганистанци

SlobodnaEvropa.mk 

Турските власти соопштија дека депортирале стотици Авганистанци откако наводно илјадници од нив нелегално влегле во земјата во последните недели. Вчера 227 Авганистанци биле депортирани од аеродромот Ерзурум до Кабул. Околу 400 Авганистанци дополнително треба да бидат депортирани во наредните денови. Според локалните власти, во план е депортација на сите Авганистанци кои се околу 3000 на број во Ерзурум. Авганистанското министерство за бегалци соопшти дека тие по своја волја се враќаат во нивната земја.

Иран ги предупреди САД да не го прекршуваат нуклеарниот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претседател Хасан Рохани го предупреди Вашингтон дека ќе зажали доколку САД го прекршат меѓународниот нуклеарен договор постигнат во 2015 година. Тој порача дека Иран е поподготвен отколку што очекуваат САД и доколку го прекршат договорот резултатот ќе го видат за помалку од една недела. Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските лидери да ги поправат, како што ги нарече, пропустите во договорот, а доколку тоа не се случи САД ќе воведат нови санкции врз Иран.

Итен состанок на Советот за безбедност на ОН за Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итен состанок посветен на наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума. Состанокот е закажан по барање на 9 од 15 членки на Советот: САД, Британија, Франција, Полска, Холандија, Шведска, Кувајт, Перу и Брегот на слоновата коска. Опозициските сириски активисти наведуваат дека силите на сириската влада во воздушен напад во саботата употребиле отровен гас од кои настрадале најмалку 40 луѓе. Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини сириските владини сили за нападот. Читать дальше...


Музыкальные новости
Баста

В Екатеринбурге одиннадцатиклассники прощаются со школой под песни Басты: онлайн





Rss.plus
Концерт

Концерт волынщиков в музее П.И. Чайковского




Депутат Мособлдумы: «Единая Россия» перед выдвижением кандидатов советуется с жителями

В Москве умерла вдова народного артиста СССР Михаила Пуговкина

Открытие турнира «Кубок города Москвы по женскому любительскому футболу» состоялся в ТиНАО

Жительница Колымы отогнала медведя палкой




Српскиот претседател Вучиќ во посета на БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ја почнува дводневната посета на Босна и Херцеговина по повод отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство во Мостар. Тој во текот на денов ќе се сретне со членот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ. Според некои медиуми, претседавачот на Претседалството Бакир Изетбеговиќ и членот на Претседателството Младен Иваниќ нема да присуствуваат на отворањето на саемот во Мостар на кој е најавено учество и на други лидери од регионот.

Меѓународен кривичен суд: Израел и Хамас можеби извршиле воени злосторства

SlobodnaEvropa.mk 

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг Фатоу Бенсоуда изрази загриженост дека Израел и палестински Хамас можеби извршиле воени злосторства во најновиот бран насилства во Појасот Газа. Во соопштението издадено вчера се истакнува сериозната загриженост поради тоа што израелски војници пукале врз Палестинци во текот на масовните протести по должина на границата меѓу Појасот Газа и Израел. Во соопштението исто така се наведува дека и „искористување на присуство на цивили за покривање... Читать дальше...

Убедлива победа на Орбан на изборите во Унгарија

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Виктор Орбан освои трет последователен мандат на власт откако неговите пораки против имиграција и обезбедија силно мнозинство на неговата партија во парламентот. Врз основа на прелиминарните резултати Фидес ќе има дво третинско мнозинство во парламентот.

Убедлива победа на партијата на Орбан на изборите во Унгарија

SlobodnaEvropa.mk 

Националистичката, антимигрантска партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан убедливо победи на вчерашните парламентарни избори, покажуваат прелиминарните резултати. Изборната комисија соопшти дека врз основа на преброените над 98 насто од гласовите, Фидес освоила 48,8 проценти, што е многу повеќе од второ пласираната радикално националистичка партија Јобик која доби нешто над 27 проценти. Орбан доби трет последователен премиерски мандат врз отворено антимигрантска платформа. Опозициските партии... Читать дальше...

Сирија обвинува за напад, САД велат не го извршиле

SlobodnaEvropa.mk 

Сириските државни медиуми јавуваат дека имало ракетен напад врз воена воздушна база во центарот на земјата при што биле убиени неколку луѓе. Од друга страна американските сили соопштија дека тие не извеле воздушна напади врз Сирија. Нападот, според сириската државна агенција САНА се случил денеска во близина на градот Хомс. Пентагон издаде соопштение дека во тоа време не бил извршен никаков напад во Сирија. „Како и да е, продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги поддржуваме сегашните дипломатски... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со локална облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд во западните планински предели. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната темпертура ќе се движи од 15 до 25 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 24 степени.



Москва

V Общероссийская конференция «Устойчивое развитие этнокультурного сектора» представит калейдоскоп успешных практик в сфере социального проектирования


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Концерт

Концерт «Вселенная Миядзаки» - это настоящий праздник




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

«Шушумагия» и «Команда МАТЧ» – в топ-25 мультсериалов на «Кинопоиске»

Клиенты СберСтрахования стали в 1,5 раза чаще приобретать страховки для бегунов

Сотрудница ОМОН "Оплот" приняла участие в костромском забеге «Галичское Заозерье»


Дарья Касаткина

Касаткина, Андреева и Кудерметова — в тройке лидеров в борьбе за звание лучшей теннисистки



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Король Бахрейна прибыл в Москву для официальных переговоров с Путиным



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России