Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Апрель
2018

Новости за 17.04.2018

ВМРО-ДПМНЕ: Декларативните заложби за ЕУ интеграција не се доволни

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на денешната прес конференција на премиерот Зоран Заев по повод извештајот за напредокот на нашата земја од ЕК. Во соопштение до јавноста се вели дека враќањето на безусловната препорака за отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ е позитивен сигнал кој треба да резултира и со безусловно доделување на датум за преговори. Тоа, како што се наведува во соопштението, би била вистинската награда за сите напори во реформите кои ги реализираше Република Македонија изминативе години... Читать дальше...

САД со нови санкции кон кинеската компанија "ЗТЕ"

SlobodnaEvropa.mk 

Властите во САД воведоа нови санкции за кинеската компанија „ЗТЕ“. Според објавената одредба на американското министерство за трговија, „ЗТЕ“ нема да има право да купува компоненти од американски добавувачи во текот на следните седум години. Оваа санкција може да има исклучително тешки последици за кинеските уреди, откако, на пример, тие нема да можат да ги користат процесорите на „Куалком“. Спорот меѓу „ЗТЕ“ и САД трае уште од 2016 година, кога компанијата беше санкционирана за кршење на санкциите против Иран. Читать дальше...

Сè што ни е заедничко во Музејот на современа уметност

SlobodnaEvropa.mk 

Дела на 18 познати балкански уметници ќе бидат претставени на меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“ што од 18 април, па во наредните месец дена, ќе се одржи во Музејот на современата уметност — Скопје. Поставката ја адресира несигурноста во контекст на различни социјални, политички и културни амбиенти, поврзани со ранливоста и егзинстенцијалната непредвидливост.



Меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“ во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Дела на 18 познати балкански уметници ќе бидат претставени на меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“ што од 18 април, па во наредните месец дена, ќе се одржи во Музејот на современата уметност — Скопје. Поставката ја адресира несигурноста во контекст на различни социјални, политички и културни амбиенти, поврзани со ранливоста и егзинстенцијалната непредвидливост.

Гутереш побара непречена работа на инспекторите на ОПЦВ

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ја повика сириската Влада да им овозможи на меѓународните инспектори за хемиско оружје работа без ограничувања. „Сириската Влада е должна да им ги овозможи сите услови за работа без никакви ограничувања,“ соопшти Гутереш. Тој не потврди дека инспекторите успеале да влезат во сирискиот град Дума, но на новинари од Саудиска Арабија им рекол дека ОН направиле се „за да им обезбедат на експертите на ОПЦВ да стигнат до Дума што побрзо“. Претходно, сириски... Читать дальше...

Македонија доби препорака од ЕУ, името - прашање на итност

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија и Албанија во годинешните извештаи за напредокот кон Европската унија добија препорака за отворање на преговорите. Прашањето за името со Грција за Македонија се нотира како прашање на итност.

Турскиот совет за безбедност препорача продолжување на вонредната состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Советот за национална безбедност на Турција денеска препорача продолжување на режимот на вонредна состојба, воведен во земјата по обидот за државен удар во јули 2016 година. Предложението најверојатно ќе биде одобрено на утрешната седница на Парламентот. По обидот за државен удар во Турција, режимот на вонредна состојба беше продолжуван шестпати.

Турција донира опрема за медицинското училиште во Куманово

SlobodnaEvropa.mk 

Кумановските и средношколците медицинари од турскиот град Тузла втора година разменуваат искуства и пријателство. Од турското училиште најавуваат и донација за опремување на медицинските кабинети во Куманово.



Ципрас: Односите со Турција се нестабилни

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека односите меѓу Атина и Анкара минуваат низ „период на нестабилност“, истакнувајќи дека Грција нема да преговара ниту за еден дел од својата територија. Ципрас рече дека за источниот сосед на Грција има „порака за соработка“, но и „порака за одлучност“. "Многупати, навистина, сме се нашле во тешки времиња, соочени со однесување за кое нема оправдување, со провокативен и агресивен став на нашите соседи. И навистина, овие денови минуваме низ таков период на нестабилност... Читать дальше...

Ахмети: Храброста за решавање на отворените прашања се наградува

SlobodnaEvropa.mk 

Реформското парламентарно мнозинство успеа да ги исполни итните очекувања на официјален Брисел, на меѓународните пријатели и на граѓаните, но не застануваме тука, се истакнува во соопштението од ДУИ во кое лидерот на партијата Али Ахмети го поздрави денешниот извештај за напредок на земјата. “ДУИ вети дека ќе продолжи со реформите и за зајакнување на напорите за целосно владеење на правото, како и за борба против корупцијата и организираниот криминал. Храброста за решавање на отворените прашања се наградува... Читать дальше...

Заев: Најголемата заслуга за напредокот ја имаат граѓаните

SlobodnaEvropa.mk 

„Никој не треба се сомнева, дека најголемата заслуга за напредокот и ова препознавање на вредноста на реформите ја имаат граѓаните на Република Македонија. Владата посветено и одлучно ги сработи реформите, но одлуката да се стави крај на една штетна погубна политика и да се отпочне нова и прогресивна страница ја имаа граѓаните,“ изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција по повод објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на нашата земја, во кој се препорачува отпочнување на преговори за членство во Унијата. Читать дальше...

Инспектори влегоа во сирискиот град Дума

SlobodnaEvropa.mk 

Сириските државни медиуми јавуваат дека инспекторите на Организацијата за забрана на употребата на хемиското оружје влегле во сирискиот град Дума, каде што неодамна беше извршен напад со хемиско оружје, по што следуваше реакција од САД, Франција и Велика Британија. Државната телевизија и новинска агенција известуваат дека тим на инспектори на ОПВЦ влегле во градот денеска. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека за нападот Москва има заедничка одговорност со сирискиот претседател Башар Ал Асад... Читать дальше...

Могерини и Хан: Македонија и Албанија да почнат преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини на денешната заедничка прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека Европската комисија за Македонија и Албанија препорачува отворање на преговорите за членство во ЕУ. Таа при презентирањето на извештаите за напредокот на земјите кон членството во ЕУ истакна дека Македонија и Албанија добиле препорака врз основа на цврстиот напредок кој го направиле и мерките кои биле преземени, при што резултатите започнале да пристигнуваат. Читать дальше...

Серж Саркисјан избран за премиер на Ерменија

SlobodnaEvropa.mk 

Ерменските пратеници го одобрија назначувањето на Серж Саркисјан за нов премиер на земјата. Владејачката Републиканска партија и нејзиниот коалиционен партнер го номинираа Саркисјан, а тој беше избран со 76 гласа за и 17 против. Во исто време во Ереван неколку дена по ред се одржуваат протести против неговото именување. Опозицијата го обвинува Саркисијан, кој долго време беше претседател на Ерменија дека го променил политичкиот систем на земјата од претседателски во парламентарен со цел да остане на власт.

Убиено едно лице на протести во Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Едно лице загина во пакистанскиот пристанишен град Карачи кога полицијата истрелала куршуми во воздух и употребила солзавец со цел да ја растера толпата која фрлала со камења кон нив. Судирите се случиле за време на протестите поради исчезнувањето и смртта на 7 годишно девојче во оваа недела. Демонстрантите ја обвинуваат полицијата за небрежност во случајот. Во судирите биле повредени и 17 лица, од кои повеќето полицајци. Девојчето исчезнало пред два дена, а нејзиното тело било пронајдено денеска во грмушки во западниот дел на Карачи. Читать дальше...

Путин и Меркел разговарале за Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел телефонски разговарале за ситуацијата во Сирија и контроверзниот балтички проект за гасовод. Путин упатил критика за воздушните напади врз Сирија спроведени минатата недела од страна на САД, Британија и Франција. Тој, според соопштението, на Меркел и порачал дека нападите биле чин на агресија со кои се прекршила повелбата на ОН и им задале удар на напорите за ставање крај на конфликтот во Сирија. Путин... Читать дальше...

Франција против проширување на ЕУ додека не се спроведат реформите

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека Европската унија не треба да прима нови членки додека не се продлабочи интеграцијата и не бидат спроведени потребните реформи. Тој во говор во Европскиот парламент порача дека сака земјите од Западен Балкан да станат дел од ЕУ, но, според него, времето за нивното членство се уште не е дојдено. Макрон истакна дека не сака Балканот да се сврти кон Русија или Турција, но во услови на тешко функционирање на ЕУ, како што наведе, за сите земји треба да важат истите правила.

Уапсени 29 учесници на протестите во Ерменија

SlobodnaEvropa.mk 

Ерменската полиција уапсила најмалку 29 демонстранти на протестите против назначувањето на поранешниот претседател Серж Саркисјан на премиерската функција. Покрај предупредувањата од властите стотици демонстранти денеска ги блокираа улиците на Ереван еден ден по судирите со полицијата. Опозијата го обвинува Саркисијан, кој долго време беше претседател на Ерменија, за грабање на власта. Најмалку 46 луѓе, меѓу кои и неколкумина полицајци беа повредени во нередите.

Шеќеринска идната недела во посета на САД ќе се сретне со Матис

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на 1 мај во Вашингтон ќе се сретне со секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис. На средбата, како што соопштуваат од министерството, ќе биде потврдено стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД. Според соопштението, значењето на средбата е уште поголемо бидејќи се случува во пресрет на самитот на НАТО во јули во Брисел. Шекеринска ќе престојува во САД од 26 април до 2 мај и ќе се сретне и со заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД за Русија... Читать дальше...


Музыкальные новости
Анастасия Волочкова

Я не пью алкоголь вообще: Анастасия Волочкова резко ответила на слухи об алкоголизме





Rss.plus
ЦСКА

Церемония вручения премии "Жара Music Awards" прошла на "ЦСКА-Арене" в Москве




В ТиНАО создадут новые управы

Памятный забег «Рекорды Победы» пройдет в Реутове

Захарова: Россия решительно осуждает покушение на Фицо

На фестивале «Московская весна» на Городецкой улице дети учились основам режиссуры




Макрон предупреди на авторитаризмот во и надвор од ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот претседател Емануел Макрон упати предупредување против искушенијата за авторитаризам во ЕУ и низ светот. Макрон кој за прв пат се обрати во Европскиот Парламент по неговиот избор на функцијата порача дека во тек е „еден вид на граѓанска војна во Европа“. Тој смета дека има фасцинација од нелибералноста која постојано расте, мислејќи на властите во Унгарија и Полска. „Не сакам да припаѓам на генерација на месечари. Не сакам да припаѓам на генерација која го заборавила своето минато“... Читать дальше...

Дали „бомбите“ ќе го расветлат Монструм?

SlobodnaEvropa.mk 

СЈО со сите ресурси ќе работи да се утврди вистината за петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Родителите на убиените момчиња велат со „бомбите“ се манипулира. И СЈО останува на првичното обвинение за сторено дело тероризам.

Јункер ја повика ЕУ да прими нови членки од Западен Балкан за да се избегне војна

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави денеска дека Европската унија има потреба да прими нови членки од Западен Балкан со цел да се избегне ризик за нова војна во регионот. „Ако не се отвориме за државите од регионот, кој е многу сложен и трагичен, и ако не им дадеме европска перспектива, ризикуваме нова војна како што видовме во 90-тите години“, изјави Јункер пред Европскиот Парламент. ЕК денеска ќе го објави извештајот за напредокот на земјите кандидати за зачленување во Европската унија.

Убиени тројца припадници на иранските безбедносни сили

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца членови на иранските безбедносни сили биле убиени од страна на осомничени милитанти на границата со Пакистан. Еден ирански полицаец бил убиен за време на напад на граничен пункт, а двајца војници загинале при експлозија на импровизирана напарава. Иранските безбедносни сили вчера конфискуваа голема количина на муниција од милитантите во реонот.

Вучиќ: Противници на Србија се оние кои и го одземаа Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претсеател Александар Вучиќ изјави денеска дека на неговата земја не и се противници Албанците во врска со косовското прашање, туку тие кои им ја создале државата и им ја одземале територијата. Тој во интервју за Пинк телевизија порача дека е „јасно оти за Косово се преговара со САД, Велика Британија и уште неколку држави од Европската унија“. Според него, САД ја водат надворешната политика на Косово.

Уапсени 15 демонстранти во Киргистан

SlobodnaEvropa.mk 

Киргистанските власти соопштија дека 15 лица биле уапсени на протестот пред рудник за злато. Жители на реонот Тогуз-Торо протестираа против плановите за изградба на нов објект за преработка на злато во близина на градот Казарман. Некои од демонстрантите фрлале камења кон полицијата. Премиерот Сапар Исаков го отпушти гувернерот на областа поради тоа што не успеал да ги спречи немирите.



Москва

Стоматолог Татьяна Сумцова: какие зубные пасты вредны для зубов


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Столичный мэр реорганизовал управы в ТиНАО



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Анастасия Волочкова

Я не пью алкоголь вообще: Анастасия Волочкова резко ответила на слухи об алкоголизме




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Строительные леса обрушились у здания спортшколы на Новочеремушкинской улице

В Подмосковье сотрудники ОМОН «Русич» Росгвардии приняли участие в церемонии открытия соревнований по дзюдо среди детей и подростков

Семьи из Подмосковья поборются за выход в финал конкурса «Это у нас семейное»


Уимблдон

«Подача на победу на Уимблдоне». Гвардиола – о заключительном туре АПЛ



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


#123ru.net

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о роли несырьевого экспорта в российской экономике



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России