Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Апрель
2018

Новости за 18.04.2018

Заев и Могерини домаќини на вечера на пет балкански премиери

SlobodnaEvropa.mk 

Вечерва во Скопје се одржа неформална вечера со премиерите на земјите од Западен Балкан. Домаќини се премиерот Зоран Заев и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на Европската Комисија, Федерика Могерини. На вечерата присутни се премиерите на Албанија Еди Рама, на Србија Ана Брнабиќ, на Косово Рамуш Харадинај, на Црна Гора Душко Марковиќ и на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ. Учесниците, како што се наведува во владиното соопштение, на вечерата разговарале за состојбата во регионот... Читать дальше...

Притворени ерменски демонстранти на плоштадот во Ереван

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници Ерменци се собраа на плоштадот, барајќи да продолжат со протестите  по изборот на поранешниот  претседател Серж Саркисијан за премиер. На митингот предводен од лидерот на опозицијата, Никол Пашинијан,  полицијата уапси десетици демонстранти додека се обидуваа да ги блокираат улиците и да го прекинат сообраќајот. Полицијата   со штитови застана по улицата во непосредна близина на плоштадот за да обезбеди непречен сообраќај. Демонстрантите одржаа краток протест пред канцеларијата на градоначалникот... Читать дальше...

Пуштена во употреба обиколницата над Битола

SlobodnaEvropa.mk 

Товарните возила кои транзитираат низ Битола веќе нема да мора да влегуваат во центарот на градот. После речиси година и половина, обиколницата повторно е пуштена во употреба.



Иванов-Могерини: Одредување датум позитивно ќе влијае врз реформите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ја прими високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини. Од кабинетот на Иванов соопштија дека на средбата Иванов ја поздрави обновената препорака на Европската Комисија за отворање на пристапни преговори со Македонија "Деблокирањето на интегративните процеси преку одредувањето на датум за почеток на пристапните преговори, позитивно ќе влијае врз реформските процеси и врз целата општествено-политичка состојба во Република Македонија“, соопшти Кабинетот на Иванов. Читать дальше...

Могерини и Заев оптимисти за спорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Високата претставничка на Европската унија на денешната прес-конференција со премиерот Зоран Заев рече дека може да се слави половина ден, а потоа да се вратат на работа. Таа ја пофали Македонија за постигнатиот успех и добиената препорака за преговори за ЕУ и е оптимист за спорот со Грција.

„Година на мајмунот“ за отворање на Скопскиот филмски фестивал

SlobodnaEvropa.mk 

Со премиерата на новиот македонски игран филм „Година на мајмунот“ од Владимир Блажевски, в четврток, на 19 април, ќе започне 21 Скопски филмски фестивал. На ова издание на манифестацијата ќе бидат прикажани повеќе од 50 филмови, ќе бидат одржани неколку работилници, ќе се случи промоцијата на програмата „Квир фокус“ со филмови што одбиваат да бидат невидливи, се очекуваат и бројни гости, а предвидена е и ретроспектива на големиот Алфред Хичкок.

Пукање ја одложи посетата на испекторите на сирискиот град Дума

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на Организацијата за забрана на употребата на хемиското оружје Ахмет Узумку  вели дека останува нејасно кога тимот  од меѓународни експерти може да го посети сирискиот град Дума за да го испита смртоносниот  напад со хемиско оружје. Узумку, го даде својот коментар денеска , откако експертите за безбедност на ОН беа пресретнати со пукање  во градот. Западните држави ја обвинија сириската влада за хемискиот напад на 7 април во Дума, во близина на Дамаск, каде што Светската здравствена организација соопшти дека 43 лица загинаа. Читать дальше...

Хрватската делегација ја прекина посетата на Србија поради Шешељ

SlobodnaEvropa.mk 

По инцидентот во српското Собрание, кога лидерот на радикалите Војислав Шешељ ја пцуеше хрватаската делегација и го газеше хрватското знаме, хрватската делегација предводена од претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ одлучи да го откаже состанок со министерката за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ и се повлече во Амбасадата на Хрватската во Белград. Од Хрватската Влада информираа дека по телефонскиот разговорот на премиерот Андреј Пленковиќ со претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ... Читать дальше...



Заев и Могерини домаќини на заедничка вечера со премиерите од регионот

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини денеска во Скопје ќе бидат домаќини на заедничката вечера на лидерите од регионот. На вечерата  ќе присуствуваат премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Рамуш Харадинај, на Србија, Ана Брнабиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, и на Босна и Хрцеговина, Денис Звиздиќ. Некои од премиерите веќе се во Скопје и присуствуваат на Дигиталниот самит, а останатите се очекува да пристигнат подоцна. Читать дальше...

Могерини: За десет месеци направивте голем чекор кон ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Ја носам добата вест дека ЕК препорача почеток на преговорите за членство. Се вративе назад на добрата патека. Можете да славите и потоа да се вратите на работа,изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини на заедничката прес конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.  Могерини рече дека времето што е пред Македонија треба да се искористи позитивно и храбро, што се однесува за спорот за името и најавите од Грција дека не може да се реши спорот до јуни. Читать дальше...

Џолев: Судот нема законски пропусти во врска со Фејзи Азири

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев на денешниот брифинг со новинарите изјави дека судот нема законски пропусти во врска со Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монструм“. Азири, кој издржува затворска казна за нелегална трговија со оружје во штипскиот затвор од Министерството за правда до 28 февруари добил прекин на издржувањето поради болест. На 21 февруари, како што рече Џолев, Азири поднел барање за продолжување на прекинот на издржување на затворската казна, но до крајот на февруари немало... Читать дальше...

Рохани најави производство и купување на оружје

SlobodnaEvropa.mk 

Иран ќе произведува  или ќе купува  оружје кое  е  потребно за  одбрана на регионот од "инвазивни сили", но  нема  да биде на штета на соседите , рече претседателот Хасан Рохани на воената парада во Техеран на Денот на националната армија. "Му кажуваме на светот дека ќе произведеме или ќе купиме  оружје какво што ни треба, и нема да чекаме  одобрување", рече Рохани . "Сакаме пријателски и братски односи со нашите соседи и им кажуваме дека нашето оружје, нашата опрема, нашите проектили, нашите авиони... Читать дальше...

Ердoгaн: Во јуни предвремени избори

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека на 24 јуни во Турција ќе се одржат предвремни претседателски и парламентарни избори. Објавувајќи ја одлуката, Ердоган  рече дека Турција итно треба да се префрли на извршно претседателство. Следните парламентарни и претседателски избори требаше да се одржат во ноември 2019 година. Турција се префрла од парламентарен систем на претседателски, во кој претседателот ќе има поголема моќ. Измените ќе стапат на сила по изборите.

Поранешен претседател на Романија обвинет за злосторства против човештвото

SlobodnaEvropa.mk 

Романското обвинителство официјално го обвини поранешниот претседател Јон Илиеску за злосторства против човештвото тврдејќи дека тој ја дели одговорноста за смртта на повеќе од 1100 лица за време на антикомунистичкиот револт во декември 1989 година. Илиеску, кој има 88 години се појави во обвинителството, но не даде коментар за случајот. Илиеску ја презема власта во земјата на 22 декември 1989 година од комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску. Според обвинителството, Илиеску и неговите соработници... Читать дальше...

Туск наредната недела во посета на земјите од Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Европски совет, Доналд Туск од 24 до 28 април ќе ги посети земјите од Западен Балкан. Неговата посета е во рамки на подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија. Туск планира да ги посети Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.  Туск во денешниот говор пред Европскиот парламент порача дека пораката е јасна дека ЕУ ќе продолжи да биде најдоверлив партнер во целиот регион. Самитот, според него, би требало да биде потврда за европската перспектива на регионот... Читать дальше...

Трамп ја потврди средбата на Помпео и Џонг Ун

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека директорот на ЦИА, Мак Помпео се сретнал со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун во минатата недела и посочи дека во тек се плановите за одржување на самит. „Средбата на Помпео со Џонг Ун во Северна Кореја помина мазно и се формираа добри односи. Деталите за самитот се разработуваат. Денуклеаризацијата ќе биде одлична работа за светот, но и за Северна Кореја“, напиша Трамп на Твитер.

За Ахмети препораката за Македонија е очекувана

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по денешната средба со еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека оценките од извештајот на ЕК за напредокот на Македонија не биле неочекуван успех. Но, според него, тоа треба да ги поттикне сите да дадат поголем придонес во спроведувањето на значајни реформи за почнување на преговори со ЕУ. Тој порача дека со климата што ја имаат создадено и со комуникацијата меѓу власта и опозицијата работите ќе земат правилен тек. Во однос на спорот за името Ахмети порача дека се работи... Читать дальше...

Коѕијас ја отфрла можноста Македонија во јуни да влезе во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио 247 изјави дека е очигледно оти Македонија во јуни нема да влезе во НАТО. Според него, за да се ратификува евентуален договор за името ќе треба да поминат многу процедури, најпрвин спроведување на референдум, а потоа и негово усвојување во Собранието и тоа ќе трае до есен. Во однос на преговорите тој посочи дека идентитетот е прашање на самоопределување, а за националноста ќе се користи новото име, односно во пасошите ќе стои „државјанин на таа и таа земја... Читать дальше...

На Јанкулоска ќе и се суди одделно за „Тенк“ поради ризична бременост

SlobodnaEvropa.mk 

Судот денеска донесе одлука да ја одвои постапката за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е обвинета во случајот на СЈО „Тенк“, кој се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Нејзината одбрана претходно го достави лекарското оправдување во кое е наведено дека Јанкулоска имала ризична бременост. Во случајот обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.


Музыкальные новости
Сергей Шнуров

Певец Сергей Шнуров заявил, что бог велел Киркорову проклинать "Евровидение"





Rss.plus
Выставка

Выставка славянских истоков «В бессмертье уходит всеведенье литер простых»




Четыре человека пострадали во время пожара в центре Петербурга

Благотворительный концерт в поддержку бойцов СВО прошел в Подольске

BNA: король Бахрейна в среду приедет в Россию для переговоров

Строительство нового ЖК «Легенда Коренево» началось в Люберцах




Повредени 4 лица нападнати од тинејџер во училиште во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Четири лица се хоспитализирани откако ученик ги нападнал со нож во школо во рускиот регион Башкортостан. Локални медиуми јавија дека ученикот кој биле деветто одделение прободел девојче кое скокнало од прозорец на вториот кат за да се спаси и притоа преживеало. Напаѓачот повредил уште две девојчиња и наставник и запалил една училница.

Алиев го почна четвртиот претседателски мандат

SlobodnaEvropa.mk 

Авторитарниот лидер Илхам Алиев положи свечена заклетва на неговиот четврт мандат како претседател на Азербејџан по лесна победа на изборите кои беа бојкотирани од страна на опозицијата и критикувани од меѓународните набљудувачи. 56 годишниот Алиев стана шеф на државата во 2003 година пред смртта на неговиот татко. Централната изборна комисија соопшти дека Алиев освоил 86,1 процент од гласовите на изборите на 11 април и со тоа обезбеди нов мандат во траење од 7 години. Меѓународни набљудувачи соопштија... Читать дальше...

Дигиталната трансформација за поевтин роаминг

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија е домаќин на првиот Дигитален самит за Западен Балкан 2018 кој се одржува во Скопје. Претставници на владите од регионот, на ЕУ, на невладините организации и бизнис секторот дебатираат за потребата и предностите на дигиталната трансформација на опшествата во современиот живот.

Димитров: Решение за името може да се постигне за два до три месеци

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во интервју за францускиот весник „Ла Кроа“ изјави дека во идеално сценарио, решение за спорот со името може да се постигне во наредните два до три месеци. Според него, итноста за решение е диктирана од европскиот воз. Тој порачува дека две европски земји кои споделуваат еден географски регион, треба да можат да најдат достоинствен начин преку кој ќе се прави разлика без да се повреди идентитетот и достоинството на македонскиот народ. Димитров... Читать дальше...

Грчкото МНР: Реформите и името предуслови за Македонија во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкото министерство за надворешни работи во однос на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија денеска соопшти дека реформите и решавање на прашањето за името се главните предуслови за интеграција во ЕУ. Треба да биде јасно, наведуваат од министерството, дека одлуките не ги носи Комисијата, туку Советот на ЕУ каде Грција јасно ги има формулирано своите позиции. Според министерството, Македонија има долг пат којшто треба да го изоди за да го пополни јазот создаден од назадувањето во последните... Читать дальше...

Загина патник при експлозија на мотор на авион во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Еден патник загинал, а еден е повреден кога моторот на авион кој патувал од Далас за Њујорк експлодирал и се распаднал во воздухот. Авионот Боинг 737-700 кој превезувал 149 патници итно слетал во Филаделфија. 43 годишната Џенифер Риордан е првата жртва предизвикана од несреќа на американски комерцијален лет од 2009 година.



Москва

Свыше 600 навалов мусора устранили в Подмосковье за неделю


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Шапка

Шапки женские на Wildberries — скидки от 398 руб. (на новые оттенки)




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Цена билетов на суперфинал Кубка России составит от 500 до 15 тыс. рублей

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников

«Молитесь, друзья»: сын олимпийского чемпиона Ивана Стретовича погиб во время родов в Новосибирске


ATP

Теннисиста Медведева выбили из топ-4 ATP



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

«СВЯТОЙ ЛЕНИН» УЛУЧШАЕТ ЗАКОНЫ, управляет патентами и улучшает командное планирование в целях учёта интереса всего народа.



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России