ОН бараат 3 милијарди долари помош за Јемен
ОН ја повикаа меѓународната заедница да обезбеди речиси 3 милијарди долари за луѓето на кои итно им е потребна хуманитарна помош во Јемен. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека во Јемен се случува најлошата хуманитарна криза во светот и дека ситуацијата во земјата е катастрофална.
Јемен се соочува со конфликт меѓу владата поддржана од воената коалиција предводена од Саудиска Арабија и шиитските бунтовници Хути кои се поддржани од Иран. Повеќе од 10 илјади жители на Јемен загинаа од почетокот на конфликтот во 2015 година, а на околу 22 милиони луѓе им е потребна хуманитарна помош.