Лавров во одбрана на националните интереси на Србија
![Лавров во одбрана на националните интереси на Србија](https://gdb.rferl.org/CAB6A92C-BCB0-46EC-8D39-EFE34B6285AF_w800_h450.jpg)
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во писмо неговиот српски колега Ивица Дачиќ порачува дека земјата е подготвена и во иднина на српските партнери да им дава поддршка во одбрана на легитимните национални интереси по прашањето за Косово, пред се во меѓународните структури.
Лавров наведува и дека по инцидентите во северно Косово упатил писмо до сите членки на ООН и го информира Дачиќ дека „во потполност ги дели оценките“ кои тој ги изнел. Писмото на Дачиќ му го врачил рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин.
Писмото на Лавров е одговор на акцијата на специјалната косовска полиција во Косовска Митровица при приведувањето на директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ,