Дефект во системот на Еуроконтрол, можно е одложување на половина од летовите во Европа
![Дефект во системот на Еуроконтрол, можно е одложување на половина од летовите во Европа](https://gdb.rferl.org/30207E06-785A-4D13-9106-002E5A2CF159_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Европската организација за безбедност и воздушна пловидба „Еуроконтрол“ соопшти дека речиси половина авионски летови во Европа може да бидат одложени поради дефект на еден од системите кои го контролираат авионскиот сообраќај.
„Речиси 15.000 летови би можело да имаат одредени одложувања. Се очекува проблемот да се реши вечерва. Никогаш не сме имале ваков проблем“, изјави портпаролот на Еуроконтрол.
Неколку европски аеродроми ги информираа патниците дека може да дојде до доцнење на голем број летови.