Лавров негира дека сириските сили стојат зад хемискиот напад
![Лавров негира дека сириските сили стојат зад хемискиот напад](https://gdb.rferl.org/96FF1ADC-789C-4C92-A549-D75FD62DF035_w800_h450.jpg)
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека обвинувањата оти сириските власти го извршиле нападот со хемиско оружје во градот Дума кој е под контрола на бунтовниците се неточни и се провокација.Тој по средбата со неговиот турски колега во Москва порача и дека воздушниот напад извршен вчера врз сириска воена база е опасен развој на настаните.
Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итен состанок посветен на наводниот напад со хемиско оружје во Сирија. Опозициските сириски активисти наведуваат дека силите на сириската влада во воздушен напад во саботата употребиле отровен гас од кои настрадале најмалку 40 луѓе. Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини сириските владини сили за нападот. Официјален Дамаск тоа го негира.