Џафери сведочи дека напаѓачите на 27 април извикувале оти сите ќе ги убијат
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во Кривичниот суд сведочи за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април минатата година.
Џафери пред судот рече дека се почнало околу 19 часот кога група граѓани насилно влегле во прес-центарот на Собранието. Според него, тие почнале најпрвин физички да ги напаѓаат присутните, па потоа и со сета опрема која била во прес- центарот. Лицата кои застанале во негова заштита, како што истакна Џафери, покрај пратениците, биле и од обезбедувањето на Оливер Спасовски.
Како што посочи, напаѓачите извикувале „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“.
По него, за настаните во Собранието на 27 април лани, треба да сведочат и министерот Дамјан Манчевски и пратеникот Александар Кирацовски.