Русија ги предупреди САД да не ја напаѓаат Сирија
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков ги повика САД да не спроведуваат ракетен напад врз Сирија, бидејќи со тоа би можел да се дестабилизира Блискиот Исток. САД и нивни сојузници размислуваат дали да спроведат напад врз сириските владини сили како одговор на нападот со хемиско оружје во градот Дума кој е под контрола на бунтовниците.
Песков одби директно да даде коментар за изјавата на рускиот амбасадор во Либан кој на 10 април предупреди дека ќе ги соборат проектилите на САД чија цел ќе биде Сирија.