Груевски: Обвинението е дека сум се возел во ова возило, а не во возило старо 20 години
Судот го одби барањето на одбраната во случајот „Тенк“ за целосно читање на содржината на писмените докази како неосновано и рочиштето продолжи со изведување на доказите од одбраната на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, кои се обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.
Обвинетиот Никола Груевски изјави дека „во светот немало пример еден премиер да одговара зошто остварил корист и одреден број пати користел возило“.
Обвинението е дека сум сакал да имам корист и сум се возел во возилото, а не во возило старо 20 години, изјави Груевски пред новинарите во Судот.
Снимките од т.н. „бомби на СДСМ“ се користат како доказ во овој случај.