Путин до црногорскиот амбасадор: Нашите односи не одговараат на братската дружба
Односите со Црна Гора не се во согласност со долгогодишната традиција на пријателство меѓу двата народа, му рекол денеска рускиот претседател Владимир Путин на новиот црногорски амбасадор во Москва, на церемонија во Кремљ.
Сегашната состојба на работите во односите Русија - Црна Гора, нагласил Путин, не одговара на вековните традиции на братска дружба и духовна блискост меѓу двата народи.
Руско-црногорските односи се заладија кога официјална Подгорица отворено се изјасни дека сака да оди со вашингтон и со Брисел, а Русија изрази незадоволство за приемот на Црна Гора во НАТО.