САД, Велика Британија и Франција почнаа со напади врз Сирија
![САД, Велика Британија и Франција почнаа со напади врз Сирија](https://gdb.rferl.org/81591E73-95C0-4ED2-B017-AB7E912F0F1A_w800_h450.jpg)
Соединетите држави, Велика Британија и Франција рано изутринава извршија ракетни напади врз повеќе цели во Сирија, како одговор на обвинивањата дека сириските владини сили минатата сабота извршиле напад со хемискио оружје во градот Дума.
Пентагон соопшти дека се нападнати цели во сирискиот главен град Дамаск и во реонот на Хомс. Според сириската државна телевизија, при нападите се повредени три лица во Хомс.
Почетокот на нападите го најави американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање во три часот по средноевропско време, нагласувајќи дека „во тек е заедничка операција со вооружените сили на Франција и Велика Британија“.