Се бара истрага за претепувањето на ученичката во Неготино
![Се бара истрага за претепувањето на ученичката во Неготино](https://gdb.rferl.org/7BEF56DC-F905-4028-9F2C-6B54420FC7BB_cx34_cy9_cw66_w800_h450.jpg)
Првата детска амбасада „Меѓаши“ во денешната пишана реакција во врска со претепувањето на ученичка во основно училиште „Гоце Делчев“ во Неготино бара Министерството за образование и наука да покрене истрага за овој настан, да утврди степен на одговорност и да се преземат мерки вакви случаи да не се повторат.
„Во дворот на ОУ „Гоце Делчев“ во Неготино две ученички брутално тепале и влечеле за коса нивна соученичка и тоа во присуство на други деца кои набљудувале и соучествувале“, стои во реакцијата од „Меѓаши“.
По појавувањето на видеото од тепањето на ученичката во Неготино следуваше бурна реакција на социјалните мрежи, по што случајот бил пријавен во полиција, а според директорот на неготинското училиште, каде се случи тепачката, случајот го истражува и просветен инспектор, а против двете девојки кои тепаат нивна соученичка се преземени соодветни мерки.