Нова вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради Сирија
![Нова вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради Сирија](https://gdb.rferl.org/9E0F1110-E160-4083-9322-54189707DD2D_w800_h450.jpg)
На руско барање, во Њујорк ќе се одржи уште една вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, посветена на американско-британско-француски ракетен напад врз Сирија.
Перу, кој претседава со Советот, официјално соопшти дека е свикана седница.
САД, Британија и Франција истрелаа стотина ракети врз цели во сирискиот главен град Дамаск и во градот Хомс, како одговор на нападот со хемиско оружје во сирискиот град Дума.
Русија и Иран остро го осудија нападот.