Советот за безбедност ја отфрли резолуцијата на Русија за осуда на нападот врз Сирија
![Советот за безбедност ја отфрли резолуцијата на Русија за осуда на нападот врз Сирија](https://gdb.rferl.org/D894FFD6-31B1-4A92-836A-E9F9BA562077_w800_h450.jpg)
Советот за безбедност на Обединетите нации ја отфрли резолуцијата на Русија, со која се осудува „агресијата“ на САД и нивните сојузници против Сирија.
Русија претходно му предложи нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која ја осуди „агресијата на САД и нивните сојузници против Сирија поради кршење на меѓународното право и повелбите на светската организација“.
За резолуцијата на Русија, во Советот за безбедност, гласаа само Кина, Боливија и Русија.