Протести на опозицијата во Ерменија
![Протести на опозицијата во Ерменија](https://gdb.rferl.org/7818F499-835F-4727-BAFB-4AE0D7F5E2BB_w800_h450.jpg)
Опозициски активисти блокираа неколку патишта во главниот град на Ерменија, Ереван во знак на протест против поставувањето на поранешниот претседател Серж Саркисјан на премиерската функција.
Демонстрантите исто така блокираа пристап до мост и влезот на метро станица во центарот на градот. Полицијата соопшти дека протестите се нелегални бидејќи им го ограничиле слободното движење на граѓаните.