Поранешниот претседател на Ерменија номиниран за премиер
![Поранешниот претседател на Ерменија номиниран за премиер](https://gdb.rferl.org/1405B33D-140E-45C7-A44D-30EEF29C4D28_w800_h450.jpg)
Ерменските пратеници го номинираа Серж Саркисјан за премиер на земјата и покрај протестите на опозицијата против неговото назначување. Парламентот треба утре да гласа за назначувањето на Саркисјан на функцијата.
Саркисјан е поранешен претседател на Ерменија. Опозициски активисти блокираа неколку патишта во Ереван во знак на протест против поставувањето на Саркисјан на премиерската функција.