Руската амбасада тврди дека Заев е погрешно информиран за протераниот дипломат
![Руската амбасада тврди дека Заев е погрешно информиран за протераниот дипломат](https://gdb.rferl.org/334B4D18-AB32-4C92-97E2-4AACC1C41BFA_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Руската амбасада во Македонија денеска на Твитер реагираше дека премиерот Зоран Заев бил погрешно информиран за активностите на протераниот руски дипломат.
„Намерно или не, Зоран Заев е погрешно информиран. Протерувањето на нашиот дипломат беше изненадување. Никогаш не сме добиле никакви предупредувања ниту „докази“ за кои зборува премиерот. И натаму сметаме дека овој чин е неоснован и нанесува штета на руско-македонските односи“, напишаа од амбасадата на Твитер.
Заев во интервју за телевизијата 24 изјави дека протераниот руски дипломат неколку пати бил предупредуван, но и покрај тоа продолжил со вршење активности за кои не бил акредитиран во земјата и дека таквите докази и биле презентирани на руската амбасада.