Столтенберг ги поддржа воздушните напади врз Сирија
![Столтенберг ги поддржа воздушните напади врз Сирија](https://gdb.rferl.org/2C0BE38D-74F9-47EC-83A8-20476E1E87CB_w800_h450.jpg)
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека воздушните напади врз Сирија кои ги извршија САД, Велика Британија и Франција, ја намалуваат способноста на режимот на претседателот Башар ал Асад да спроведе нови хемиски напади.
Според него, со нападите се упатува јасна порака до Асад и до Иран дека употребата на хемиско оружје не е прифатлива и оти сојузниците нема да стојат на страна и немо да набљудуваат.