Димовски: ТЕМПЕРА е лична приказна која сме должни да ја раскажеме
![Димовски: ТЕМПЕРА е лична приказна која сме должни да ја раскажеме](https://gdb.rferl.org/87DFBD28-2E3A-4F72-BA73-27F05AEF8F0D_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
По нецели четири години од концертот за деби албумот „Играј“, групата ТЕМПЕРА, во среда на 18 април, во 21 часот, се враќа во скопскиот клуб Станица 26. И не само за да ги промовира четирите нови синглови што ќе се најдат на втората објава планирана за летово, туку и да не потсети колку енергичен и моќен може да биде македонскиот рокенрол кога го свират оние коишто го живеат.