Загина патник при експлозија на мотор на авион во САД
Еден патник загинал, а еден е повреден кога моторот на авион кој патувал од Далас за Њујорк експлодирал и се распаднал во воздухот. Авионот Боинг 737-700 кој превезувал 149 патници итно слетал во Филаделфија. 43 годишната Џенифер Риордан е првата жртва предизвикана од несреќа на американски комерцијален лет од 2009 година.