Трамп ја потврди средбата на Помпео и Џонг Ун
![Трамп ја потврди средбата на Помпео и Џонг Ун](https://gdb.rferl.org/F43A4EAC-400E-4C78-BF91-A6E852EAD022_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека директорот на ЦИА, Мак Помпео се сретнал со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун во минатата недела и посочи дека во тек се плановите за одржување на самит.
„Средбата на Помпео со Џонг Ун во Северна Кореја помина мазно и се формираа добри односи. Деталите за самитот се разработуваат. Денуклеаризацијата ќе биде одлична работа за светот, но и за Северна Кореја“, напиша Трамп на Твитер.