Алаѓозовски: Не брзаме со акциите, „Скопје 2014“ е како вирус
![Алаѓозовски: Не брзаме со акциите, „Скопје 2014“ е како вирус](https://gdb.rferl.org/B0FC0044-8B01-494C-B4F2-F77915FE4CC8_w800_h450.jpg)
„Скопје 2014“ претставува вирус, кон кој се однесуваме крајно внимателно и не брзаме со акциите, одговори министерот за култура Роберт Алаѓозовски на новинарско прашање што се превзема со проектот „Скопје 2014“.
„Елаборатите се изработени, предадени. Остранувањето на малите статуетки и илјадниците копии на кичот Скопје 2014 кои се наоѓаат по нашите музејски институции и со сувернирниците исто така чекаат за акција. Секако дека таа акција треба да биде добро обмислена. Евалуацијата на Музејот на ВМРО ќе биде изработена до крајот на идната недела и тој елаборат ќе биде доставен до нас и ќе обзнаниме во јавноста. Во однос на останатите проекти се уште не преземаме никакви други активности“, рече Алаѓозовски.