Пленковиќ - Каква осуда на Шешељ за газењето на хрватското знаме, такви односи со Србија
![Пленковиќ - Каква осуда на Шешељ за газењето на хрватското знаме, такви односи со Србија](https://gdb.rferl.org/008F7DB2-7E82-4E44-A960-81EF4D3F935D_cx0_cy20_cw76_w800_h450.jpg)
Српскиот државен врв го осуди вчерашниот инцидент што го предизвика Воислав Шешељ во Собранието на Србија, газејќи го знамето на Хрватска и пцуејќи ја хрватската парламентарна делегација, но, според хрватскиот државен врв, „осудата била двосмислена“, а српскиот претседател Александар Вучиќ „го релативизирал настанот“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ за постапката на Шешељ рече дека дека таквото однесување е „нешто недопустливо“, но и дека „Србите и во тоа се разликуваат од Хрватите“, нагласувајќи дека пред и по неговата посета на Хрватска „во Загреб биле запалени неколку српски знамиња, а хрватски пратеник го бркал по улиците и го нарекувал четник“.
На оваа изјава реагираше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој побара Србија строго и недвосмислено да го осуди инцидентот со Шешељ и дека продолжувањето на односите со Србија ќе биде „во контекст на таа осуда“.