На Скопје му треба брз и капацитивен јавен превоз
Бројот на патници во градскиот превоз во Скопје во изминатите три децении се намалил за три пати. Луѓето сè почесто користат автомобил зашто јавниот превоз е бавен и со низок капацитет. Воведувањето еколошки автобуси во голема мера ќе му помогне на јавниот превоз, но нема да го реши проблемот со малото користење јавен превоз на сметка на автомобилите.