Во Северна Кореја загинале 32 кинески туристи
Кинеските власти соопштија дека 32 кинески туристи, загинале во сообраќајна несреќа во Северна Кореја. Според властите, двајца туристи се тешко повредени.
Кинески медиуми објавија видео од автобусот со кој се превезувале туристите. Кина е најголемиот трговски партнер на Северна Кореја. Кинезите се едни од најчестите посетители на изолираната држава.