Во Белгија осуден осомничениот за нападите во Париз
Белгискиот суд го осуди Салах Абдесалам, на 20 години казна затвор за обид за терористичко убиство на полицајци за време на престрелката во Брисел во 2016 година. Пресудата не е поврзана со нападите во Париз во 2015 година при кои загинаа 130 лица и за кои исто така е осомничен Абдесалам.
Неговиот соработник Софиен Ајари, 24 годишен Тунижанец исто така доби казна затвор до 20 години за обид на убиство на белгиски и француски полицајци кои извршија рација во нивното засолниште во Брисел во март, 2016 година.
Абдесалам беше уапсен на 18 март, 2016 година во близина на неговиот семеен дома во населбата Моленбек во Брисел. Абдесалам се наоѓа во затвор во Франција и го очекува судење за нападите во Париз.