Рохани со предупредување до Трамп за нуклеарниот договор
Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска го предупреди неговиот американски колега Доналд Трамп да не се повлекува од нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили. Тој порача дека САД ќе се соочат со сериозни последици доколку го прекршат договорот.
Трамп даде рок до 12 мај потписниците да ги поправат недостатоците во договорот. САД, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија во 2015 го потпишаа договорот за ограничување на нуклеарната програма на Иран во замена за олеснување на санкциите врз земјата.