Борисов - Да и помогнеме на Србија да стане членка на ЕУ
![Борисов - Да и помогнеме на Србија да стане членка на ЕУ](https://gdb.rferl.org/48E76167-0AA8-42BF-82F9-FB4A772441E9_w800_h450.jpg)
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, вели дека Бугарија, Грција и Романија треба да направат сè што е можно Србија да стане дел од Европската унија. Борисов учествуваше на средбата на Советот за соработка на високо ниво меѓу Бугарија, Романија, Србија и Грција.
Третата средба меѓу лидерите на четирите држави се одржа во Букурешт и нејзин домаќин беше романската премиерка Виорика Данцила, јави БТА.
На неа учествуваа и грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Борисов оцени дека ако некоја држава од Балканот има проблеми тоа се рефлектира врз сите. Тој напомена дека цел на средбата е развој на инфраструктурата во регионот, дигиталната инфраструктура, поврзаноста, билатералните односи, како и зголемување на растот на економиите на Балканот.