Новиот премиер на Ерменија ќе се избира на 1 мај
Претседателот на ерменскиот Парламент, Ара Баблијан изјави денеска дека на 1 мај е превидено да се избере новиот премиер на земјата по оставката на Серж Саркисјан од функцијата. Владејачката Републиканска партија се соочува со притисок да му ја предаде власта на опозицискиот лидер Никол Пашинијан по протестите во Ереван.
Но, и покрај оставката на Саркисјан и напуштањето на владејачката коалиција од страна на една од помалите партии, републиканците се уште го имаат мнозинството од 58 пратеници. Пашинијан посочи дека денеска ќе се сретне со други парламентарни партии со цел од нив да бара поддршка за неговата кандидатура за иден премиер на земјата.