Одлуката на судот за екстрадиција на Грујевски и Бошковски на 18 мај
![Одлуката на судот за екстрадиција на Грујевски и Бошковски на 18 мај](https://gdb.rferl.org/C36A5673-B181-4CC2-9C2E-E74D73D01387_cx7_cy0_cw93_w800_h450.jpg)
Во Врховниот суд во Атина зaврши рoчиштетo по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, кое се одвиваше зад затворени врати. Одлукaтa на судот ќе биде соопштена нa 18 мaј.
За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, другиот е по поднесеното барање за азил на 29 ноември, а третиот случај е по македонското барање за екстрадиција.