Коѕијас кај Столтенберг за името
Првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата го поздравува фактот што има разговори помеѓу Скопје и Атина во обид да се најде заеднички прифатливо решение за спорот со името.
„Го поздравуваме фактот што сега има разговори помеѓу Скопје и Атина во обид да се најде заеднички прифатливо решение за спорот со името. Грчкиот министер за надворешни работи ме брифираше за напорите на тие средби“, одговорил Столтенберг на новинарско прашање, и додал дека позицијата на НАТО по ова прашање е јасна.