Маж со нож убил седум, а повредил 12 ученици во средно училиште во Кина
Маж со нож денеска во северна Кина убил седум ученици од средно училиште и повреди 12, соопштиле локалните власти, а пренесоа светските новински агенции.
Мажот е уапсен, а повредените ученици добиле медицинска помош, соопштил Одделот за пропаганда во округот Мижи во привинцијата Шанси, без да даде други детали за настанот. Децата биле нападнати надвор од училиштето, јави агенцијата ДПА.