Двете Кореи потпишаа историски договор - Денуклеаризација и крај на војната
Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун постигнаа историски договор за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и за крај на војната.
Во заедничкото соопштение се наведува дека „нема да има повеќе војна на Корејскиот Полуостров и оти почнува нова ера на мирот“.
„Ајде да ги исполниме очекувањата на луѓето и светот да го направиме подобар. Ветувам дека ќе бидеме се подобри во иднина“, рече Ким.
Во декларацијата се наведува дека Мун и Ким се договориле да почнат да работат на целосна декларација на Корејскиот Полуостров. Според новинаските агенции, договорено е Корејскиот Полуостров да се ослободи од нуклеарното оружје, но двајцата лидери не понудиле нови специфични мерки како тоа да се постигне.
Мировниот договор помеѓу Јужна и Северна Кореја треба официјално да биде потпишан до крајот на годината.