Иванов бара ЕУ да овозможи паралелни преговори за името и за членство
![Иванов бара ЕУ да овозможи паралелни преговори за името и за членство](https://gdb.rferl.org/D69ABBD3-6BB1-4E92-9583-88F8F405A988_cx6_cy0_cw84_w800_h450.jpg)
Врвните стратешки цели на а Македонија се членството во НАТО и
во Европската Унија, но долго време политиката на проширувањето
потфрлуваше во случајот со Македонија не поради принципите и критериумите на Унијата, туку поради непочитувањето на тие принципи и критериуми од страна на една земја членка. изјави претседателот Ѓорге Иванов на прес-конференцијата по состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони.
„Како Претседател на Република Македонија ја повикувам Унијата да овозможи паралелно движење на преговорите за членство и надминување на билатералната разлика меѓу Македонија и Грција“, рече Иванов.