Владејачката партија во Ерменија без свој кандидат за премиер
Владејачката партија во Ерменија вчера објави дека нема да нема да номинира свој кандидат за премиер во обид да ги олесни тензиите во најголемата политичка криза во државата во последниве години. Соединетите Американски Држави побараа најголемите политички сили да “разговараат со добра волја”.
Ерменските пратеници на 1 мај треба да гласаат за тоа кој ќе го замени Серж Саркисијан, кој поднесе оставка од премиерската позиција на 23 април, по масовните протести. До сега има еден кандидат за премиер, опозиционерот Никол Пашинијан, кој беше на чело на антивладините протести.
Портпаролот на владејачката Републиканска партија рече дека одлуката да не номинираат свој кандидат е обид да се избегнат конфронтациите и дестабилизацијата на земјата.