Русија- Oд 70 пожари уништени илјадници километри шума
Рускиот федерален центар за борба со пожари денеска соопшти дека од повеќе од 70 шумски пожари во последните 24 часа се уништени околу 1870 квадратни километри шума во рускиот далечен исток. На својата интернет страница тие наведуваат дека најтешка е ситуацијата во регионот Армур во кој гори и природен резерват. Пожари исто така има и во регионите Приморски и Кабаровск, како и во Еврејската автономна област. Центарот соопштува и дека со пожари се зафатени регионите Транс балкајски, Омск и Башкортостан. Повеќе од 2800 луѓе, 495 возила и 25 авиони се ангажирани во гасењето на пожарите.