Авганистан- деца активираа неексплодирана граната, тројца загинати
![Авганистан- деца активираа неексплодирана граната, тројца загинати](https://gdb.rferl.org/E5BCCF6A-9E6E-48BA-B55D-4E40D28C8F3C_w800_h450.jpg)
Група деца во резиденцијалната област во источен Авганистан активирала денеска неексплодирана граната со што предизвикала експлозија во која загинале една жена и две деца. Атахула Кјогјани, портпарол на гувернерот на источната авганистанска провинција Нангахар, рече дека други седум деца се повредени во експлозијата. Тој додаде дека гранатата била испукана од милитантите претходната ноќ.