Брoјот на загинати од земјотресот во Индонезија се искачи на 1.234
![Брoјот на загинати од земјотресот во Индонезија се искачи на 1.234](https://gdb.rferl.org/D0544B00-67D1-453F-9E5B-47027AB1814A_w800_h450.jpg)
Бројот на луѓе за кои е познато дека се загинати во земјотресот и цунамито во Индонезија се искачи на 1.234, соопшти Националната агенцијата за катастрофи. Бројката на загинати се очекуваше да се расте, откако спасувачките екипи стигнаа до оддалечените области на островот Сулавеси, велат официјални претставници.
Потребите за свежа вода и храна, а стотици луѓе се без електрична енергија по земјотресот со јачина од 7,5 степени кој предизвика цунами што го погоди градот Палу, но и други крајбрежни градови.
„Денеска со неколку авиони ќе испратиме храна, колку што е можно повеќе“, изјави претседателот Јоко Вифдодо додавајќи дека исто така е испратено и гориво.
Додека со голема брзина траат операциите за расчистување и спасување, работниците исто така подготвуваат масовни гробници за стотиците кои загинаа на островот, повеќето од нив од Палу.