Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Октябрь
2018

Новости за 27.10.2018

Лидерски самит за Сирија во Истанбул

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Русија, Франција и Германија денеска пристигнаа во Истанбул на самит за Сирија на кој ќе се обидат да ги постават темелите за воспоставување на мирот во таа земја. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во улога на домаќин на самитот ги пречека претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. За главно несогласување меѓу четворицата лидери се смета поделениот став за сирискиот претседател Башар Ал Асад. Него го поддржуваат Русија и Иран... Читать дальше...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во расправија за концесии на фирма во која косопственик е Мицкоски

SlobodnaEvropa.mk 

СДСМ денеска на прес конференција покажа документи со кои, како што тврдат, се докажувало дека лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски учествувал во како што ги нарекуваат “шеми со неговиот ментор Никола Груевски”.  Пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов рече дека Мицкоски е еден од сопствениците на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, основана во мај 2014 година. Таа компанија, тврди Костадинов, заедно со компанијата „Минка ДА“, основале конзорциум „МИНКА - ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје. “Овој конзорциум... Читать дальше...

Се менува законот за прекинување на бременоста

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство го почна процесот за промена на Законот за прекинување на бременоста, информираа денеска од министерството. Од таму наведуваат дека по повеќе месечните консулатиции со претставници на граѓанските организации, целосно инклузивно и отворено ги прифатиле забелешките на сите засегнати страни, како и препораките на меѓународните организации и Светската здравствена организација. “Волјата на жената ќе биде на прво место. Се измените на Законот се укинува задолжителното советување и чекање од 3 дена... Читать дальше...



Атина го очекува Договорот од Преспа во грчкиот парламент до март

SlobodnaEvropa.mk 

До март следната година, доколку, како што се чини се заврши со процесот на уставна ревизија, Договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент и немам никаков сомнеж дека ќе биде ратификуван, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за грчкиот весник „Реал њуз“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој го коментира и гласањето во македонското Собрание и одлуката донесена со двотретинско мнозинство за почеток на уставни промени. “Тоа е... Читать дальше...

Дачиќ: ЕУ има двојни стандарди за гасоводите

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека ЕУ покажала двојни стандарди со недавањето дозвола за изградбата на гасоводот Северен поток, но не и за изградбата на Јужен поток. На Меѓународната конференција за енергетска безбедност на евроазискиот простор во Белград, Дачиќ истакна дека Србија сака да соработува со сите во областа на енергетиката, како и за други прашања на меѓународната соработка и истакна дека Србија, за жал, не можела да го изгради Јужен поток, бидејќи овој проект... Читать дальше...

Реакции во Албанија по оставката на Џафај

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, во првичната реакција по оставката на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај, оцени дека тоа е почеток на падот на ковладеењето на Еди Рама со криминалот. Тој додаде дека заминувањето на Џафај, кој, како што наведува, е единствен прв човек на полиција во Европа, чиј брат е нарко шверцер, претставува „значаен чекор на опозицијата во прочистувење на политиката од криминалот“. Албанската опозиција со месеци... Читать дальше...

МВР: Командир на шумската полиција од Битола во притвор поради поткуп

SlobodnaEvropa.mk 

Секторот за внатрешни работи Битола - Одделение за криминалистичка полиција до ОЈО Битола поднел кривична пријава против лицето Л.Ј. (46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција. Тој рече дека пријавениот кој билвработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како командир на шумска полиција – Битола во повеќе наврати побарал поткуп од лице од Демир Хисар... Читать дальше...

Ердоган, Путин, Меркел и Макрон во Истанбул на самит за Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Турција, Русија, Франција и Германија денеска се среќаваат во Истанбул, на самит на кој се дискутира за безбедносни и политички прашања поврзани со Сирија. Тие се среќаваат со надеж дека ќе најдат одржливо решение за седум годишната граѓанска војна во Сирија во која загинаа околу 400 000 луѓе, а милиони се раселени.Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им е домаќин на рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и на францускиот претседател Емануел Макрон. Читать дальше...



Министерот за внатрешни работи на Албанија поднесе оставка

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај поднел оставка. Рама на Твитер напиша дека ја прифатил оставката на Џафај, но не наведе други детали. На местото на Џафај именуван е поранешниот воен претставник Сандера Леши. Неговиот избор треба да биде одобрен од претседателот на Албанија и од Парламентот. Рама истакна дека Леши „ќе донесе нова позитивна енергија“.

Марин: општината нема пари да го обештети инвеститорот кај Мајчин дом

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин во интервју за агенцијата МИА вели дека за зградата кај Мајчин дом за чија изградба има големо противење од населението, прават темелни анализи на можностите за наоѓање решение како да се спречи градењето. Решението што го бараат, вели тој, е во две насоки- наоѓање заменска парцела или преку обесштетување. Но, сепак Марин нагласува дека според досегашните анализи сумите се огромни и општината не располага со такви средства. Од тоа што досега го имале пресметано... Читать дальше...

Матис: убиството на Кашоги влијае на регионалната стабилност

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави Џим Матис на меѓународната безбедносна конференција што се одржува во Манама, главниот град на Бахреин, рече дека убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги ја “подрива регионалната стабилност”. Матис предупреди и дека Стејт Департментот ќе преземе понатамошни мерки како одговор на убиството. Ако се земе предвид дека мирот и почитувањето на човековите права е во наш заеднички интерес, рече Матис, убиството на Кашоги во едно дипломатско опкружување треба сите нас да не загрижи. Читать дальше...

Епидемиолозите апелираат дека нема потреба од паника од тигрестиот комарец

SlobodnaEvropa.mk 

Детектирањето на тигрестиот комарец во општините Богданци, Дојран и Гевгелија предизвика вознемиреност кај населението поради опасноста од болестите што може да ги пренесе, но место за паника нема, вели епидемиологот д-р Сашко Олумчев од подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија. Европскиот тип на тигрест комарец кој може да ја пренесе опасната зика вирусна треска откриена во земји од нашето опкружување, особено во Грција како земја од посебен јавно здравствен интерес за нас... Читать дальше...

Парламентарни избори во Кандахар

SlobodnaEvropa.mk 

Во јужната авганистанска провинција Кандахар денеска се одржуваат парламентарни избори. Тие се одржуваат една недела по гласањето во 32 од 34 провинции во земјата. До одложувањето дојде поради убиството на шефот на полицијата во Каднахар генералот Абдул Разик кој беше убиен од Талибанци два дена пред националните избори. Убиството на Разик предизвика несигурност во земјата па илјадници војници беа испратени на гласачките места за да осигураат безбедност за гласачите. На денешните избори право на глас имаат повеќе од 550 000 гласачи... Читать дальше...

Уставните амандмани во фаза на усогласување

SlobodnaEvropa.mk 

Изготвувањето на нацрт амандманите, дејствувањето на новата пратеничка група во Собранието, намалување на бројот на пратеници во ВМРО-ДПМНЕ…остануваат на агендата и викендов. Иако беше најавено останува неизвесно кога нацрт – амандманите на Уставот ќе бидат доставени до Собранието. Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски вчера попладне за МИА изјави дека уште траат координациите околу усогласувањето за измените на Уставот. “Во оној момент кога тие ќе бидат во пишана форма ќе бидат јавно објавени... Читать дальше...

Во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето

SlobodnaEvropa.mk 

Во 3:00 часот по полноќ завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, информира Бирото за метрологија. Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година. Стрелките вечерва ќе се поместат и во земјите на Европа, каде што, пак, неодамна е усвоена одлуката да се укине промената на времето... Читать дальше...

Времето денеска топло со температура до 26 степени

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од минус два до пет, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од еден до 24 степени. Под влијание на јужно струење следува период на топло време со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Читать дальше...

Декриминализација на канабисот можеби, за легализација ќе почекаме

SlobodnaEvropa.mk 

Дебатата за декриминализација на канабисот во земјава е отворена веќе некое време. Активистите ја поздравуваат иницијативата за измени на актуелното решение кое дозволува употреба за медицински цели. Но дали, македонското општество е подготвено за легализација на марихуаната за рекреативни цели?



Москва

Стоматолог Татьяна Сумцова: какие зубные пасты вредны для зубов


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин сообщил о планах благоустройства на северо-востоке Москвы



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Певец

Совместный Дуэт с Певцом. Запись совместной Песни.




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Стартовал финальный этап всероссийского футбольного турнира «Будущее зависит от тебя»

Инсайты, стратегии и нетворкинг для профессионалов: 21 июня пройдет ежегодный форум «Спорт и Бизнес»

Строительные леса обрушились у здания спортшколы на Новочеремушкинской улице


Даниил Медведев

Теннисист Медведев не смог выйти в четвертьфинал турнира серии «Мастерс» в Риме



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Один человек пострадал в ДТП на Можайском шоссе в Москве



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России