Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Октябрь
2018

Новости за 13.10.2018

Заев за „Та Неа“: Време е бурето барут да стане извор на стабилност

SlobodnaEvropa.mk 

„Потребна е политика, а не нови граници“. Со ваква насловна страница излезе викенд изданието на грчкиот весник „Та неа“ со интервју со македонскиот премиер Зоран Заев. Во опширното интервју премиерот Заев вели дека не постои подобар договор од актуелниот, изразува надеж дека пратениците ќе ја почитуваат волјата на граѓаните кои гласаа на референдумот. Потенцира дека е време Балканот од буре барут да стане извор на стабилност, а говори и за текот на преговорите, но и упатува порака до Грција дека... Читать дальше...

Трамп: Ќе има сурова казна ако Саудиска Арабија е одговорна за исчезнувањето на Кашоги

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е можно Саудиска Арабија да е одговорна за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги и доколку тоа се докаже неговата земја ќе наложи строга казна за земјата. „Засега Саудијците енергично негираат дека се инволвирани. Можно ли е да бидат? Да. Ако се докаже дека Саудиска Арабија е одговорна ќе има сурова казна“, изјави Трамп во интервју за Си-Би-Ес и додаде дека случајот е особено важен бидејќи „тој човек беше новинар“. За Кашоги нема никакви иформации... Читать дальше...

Папата расчинил двајца бискупи поради сексуална злоупотреба на малолетници

SlobodnaEvropa.mk 

Папата Франциск расчини двајца чилеански бискупи кои биле инволвирани во скандал со сексуална злоупотреба, соопшти денеска Ватикан. Расчинети се надбискупите Франциско Хозе Кокс Хунеус од Ла Серена и Марко Антонио Орденес Фернандез од Икике. Двајцата се расчинети бидејќи се тврди дека сексуално искористувале малолетни лица. За случајот имало многу докази, поради што канонското судење било непотребно.



СДСМ: Опозицијата да ги поддржи уставните измени заради иднината на Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Владејачката СДСМ денеска ги повика пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат уставните измени во Собранието во интерес на иднината на Македонија, при тоа водејќи се од волјата на граѓаните. „Уставните измени доставени во Собранието се клучен чекор за спроведување на преспанскиот Договор којшто обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со македонски идентитет признаен од целиот свет. Со уставните измени се зајакнува македонскиот идентитет, се унапредува грижата за дијаспората и Македонците кои живеат во соседните земји и во светот... Читать дальше...

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е против договорот со Грција и така и ќе остане

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видео обраќање побара од премиерот Зоран Заев и неговата Влада да си заминат од власт, обвинувајќи ги за, како што рече, целата општествена, економска и политичка криза во која влегува Македонија. „Се работи за влада со изгубен легитимитет, влада која година ипол буквално не испорача ниту еден резултат. Договорот со Грција е параванот зад која се одвива грабежот на деценијата. Кризата не е пречка да продолжат тендерите за луѓето од власта, да се случуваат крвави тендери во здравството... Читать дальше...

Османи за случајот „Пациент“: Сега уште повеќе верувам во нутралноста на СЈО

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот Бујар Османи на денешната прес-конференција во Владата му даде поддршка на СЈО да продолжи со своите истраги, па и случајот „Пациент“, во кој тој е осомничен. Османи потенцираше дека денеска ги доставил сите потребни документи во врска со истрагата. „Јавно барав во повеќе наврати СЈО да отвори истрага и да го расчисти случајот зошто сум чесен во моите постапки. Очекувам да бидам повикан и во предистражната пиостапка. Истрагата е отворена и изминатите денови собрав документација преку... Читать дальше...

Ципрас: Нема влез во ЕУ и НАТО без промена на уставното име

SlobodnaEvropa.mk 

Договорот од Преспа е единствената и незаменлива можност за двата народи, нема алтернативни решенија за членство на соседната земја во НАТО и ЕУ, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас, говорејќи пред членовите на Централниот комитет на СИРИЗА. „Сакам да истакнам дека овој Договор што го имаме пред нас е единствена и незаменлива можност за двата народи, но и за стабилност на Балканот. Ако нашите соседи го отфрлат овој договор преку процесите кои што се целосно за почитување и предвидени од нивниот Устав... Читать дальше...

Реакции на Георгиевски и Груевски за новиот случај на СЈО „Поштенска банка“

SlobodnaEvropa.mk 

По почнувањето на истрагата за новиот случај на СЈО, „Поштенска банка“, се огласија и двајцата поранешни премиери Љубчо Георгиевски и Никола Груевски кои се спомнуваат во случајот, но нема да бидат предмет на истрага поради застареност на делото злоупотреба на овластувањата. Георгиевски тврди дека нема никаква врска со случајот и дека и порано бил повикуван во СЈО заради Поштенска банка. „Пред неполна година бев повикан во СЈО каде ми беше презентирана бомба - разговор на Томица Главчев со висок... Читать дальше...



Пенс до Заев: САД ја споделуваат вашата посветеност, сметајте на мојата поддршка

SlobodnaEvropa.mk 

Потпретседателот на САД, Мајкл Пенс испрати писмо до премиерот Зоран Заев во кое му изразува уверување за неговата континуирана поддршка во овој важен момент за земјата. Во писмото, како што соопшти владината прес служба, потпретседателот Пенс пишува дека му претставувало чест да се сретне со премиерот Заев на 20 септември во Белата куќа во Вашингтон и дека ја цени можноста заеднички да разговараат за спроведувањето на историскиот договор од Преспа со Грција. Во своето писмо потпретседателот Пенс... Читать дальше...

СЈО бара притвор за Димитровски, Главчев и Смилевски за случајот „Поштенска банка“

SlobodnaEvropa.mk 

Во новата истрага на СЈО, „Поштенска банка", пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд се изведени Ратко Димитровски, поранешниот градоначалник на Кочани, бизнисменот Томе Главчев и Коле Смилевски, директор на „Поштенска банка", тројца од деветмината обвинети. Од СЈО бараат притвор за тројцата осомничени, а ги сомничат за кривично дело сторено во период од 2001 до 2010 година. Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело... Читать дальше...

Баша сака референдум за враќање на смртната казна во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на албанска опозициска партија, Демократска партија, Љуљзим Баша, најави дека кога неговата партија ќе дојде на власт ќе распише референдум за враќање на смртната казна во земјата, објавија албанските медиуми. „Враќањето на смртната казна е прашање кое им припаѓа на албанските граѓани, но, јас лично сум подготвен да го поставам ова прашање на албанските граѓани преку референдум кога ДП ја презема одговорноста да владее со земјата“, изјави Баша во селото Шели, околија Мат, откако беше... Читать дальше...

Шестнаесет мртви од ураганот Мајкл во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Властите соопштија дека бројот на жртви во САД од ураганот Мајкл до сега изнесува 16, објави новинската агенција АП. Се очекува да се зголеми бројот на загинати бидејќи нема информации за загинати од крајбрежните населени места како Мексико Бич, Порт Сеинт Џо и Панама на Флорида.  Во тек е акција за пребарување на најтешко погодените места во Флорида, а спасувачките тимови велат дека пристапот до тие места е речиси  невозможен поради опустошените делови, објавија американски медиуми.

400 милиони евра од Светска банка за поддршка на напредокот на Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за финансии соопшти дека Светска банка ќе ѝ стави на располагање околу 400 милиони евра на Македонија за проекти во следните четири години, што било истакнато на годишните средби на ММФ и Светска банка на кои учествува македонска делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска. „Со овие средства ќе се поддржи подобрувањето на конкурентноста на приватниот сектор, развојот на вештини и создавањето на повеќе можности за најранливите категории... Читать дальше...

Девет милијарди евра од ЕУ за прва Дигитална европска програма

SlobodnaEvropa.mk 

Економската комисија планира да формира прва Дигитална европска програма за периодот од 2021 година до 2027 година, за која биле издвоени 9,2 милијарди евра. Целта на формирање е единствен дигитален пазар во Европа, изјави Мартин Бјлеј, шеф на одделението за дигитална индустрија на ЕК, објави Ројтерс. За време на конференција за дигиталната индустрија, што се одржува во Трогир, Бајлеј истакна дека заедничкиот пазар ќе овозможи единствен правен рамки за да може луѓе и компании од Европа во целост да ја искористат дигиталната трансформација.

Путин имал состанок со Советот за безбедност поради украинската црква

SlobodnaEvropa.mk 

Ситуацијата околу Руската православна црква во Украина и проблемите во внатрешната и надворешната политика беа темите на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин и рускиот Совет за безбедност одржан синоќа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави АП. „Тема на состанокот беше и ситуацијата околу Руската православна црква и по скандалозната одлука на цариградската Екуменска патријаршија“, изјави Песков. Во четвртокот Цариградската патријаршија соопшти дека ќе почне процес... Читать дальше...

СЈО отвора нов случај - Поштенска банка

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалното јавно обвинителство отвори нова истрага со кодно име „Поштенска банка“. Станува збор за финансиска истрага, во рамки на која, три од осомничените девет лица се приведени пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, соопшти СЈО. „Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело и со неа се опфатени девет лица и тоа: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Гкеорги Каратолис, Кирил Јаневски... Читать дальше...

Државата треба да е приоритет, им порача шефот на ОБСЕ на пратениците во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која, порача дека Собранието и политичките лидери сега треба да донесат одлука во врска со натамошните перспективи на земјата. „Кога такви прашања доаѓаат во Собранието, пратениците имаат одговорност да ги стават интересите на земјата пред се друго“, вели Која во интервју за МИА, нагласувајќи дека успехот на земјата во постигнувањето Договор со Грција во врска со долготрајниот спор е многу позитивен пример за целиот регион. Амбасадорот, кој на... Читать дальше...

Спасени 354 мигранти близу Шпанија

SlobodnaEvropa.mk 

Во водите близу Шпанија тројца мигранти се удавија, а 354 се спасени со девет чамци, соопшти жпанската спасувачка служба. Според информациите на светските новински агенции, шпанската крајбрежна стража извлекла од морето три безживотни тела, додека останатите мигранти ги спасила во Алборанското Море на запад во Медитеранот откако чамците со мигранти ги забележал спасувачки авион. Засега не е позната националноста на мигрантите. Од почетокот на годината во Шпанија е значително зголемен бројот на мигранти... Читать дальше...

Давид: Не гледам никаква закана за македонскиот народ во Преспанскиот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Проблемот на Македонија е спор за име, не е проблем на независност, Грција никогаш не ја администрирала Северна Македонија, така што барањата на Грција во однос на името не претставуваа во ниеден случај прекршување на правото на самоопределување на македонскиот народ, вели во интервју за МИА, Ерик Давид, професор по меѓународно право од Слободниот универзитет на Брисел (УЛБ) и еден од најугледните европски професори по меѓународно право. Професорот вели дека „на лично ниво смета дека грчките барања се претерани... Читать дальше...

Лавров: Независноста на украинската црква е провокација поддржана од САД

SlobodnaEvropa.mk 

Независноста која ја доби Украинската православна црква е провокација од Цариградската патријаршија со поддршка од Вашингтон, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Во интервју објавено на сајтот на руското министерство за надворешни работи, Лавров вели дека станува збор за „провокации на цариградскиот патријарх Вартоломеј, со јавна и директна поддршка од Вашингтон“. „Мешањето во животот на црквите е забрането со закон во Украина, Русија, и, се надевам, во секоја нормална држава“... Читать дальше...

Времето денеска - Сончево, со мала облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во источните делови, а ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 21 до 28 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 25 степени. Според УХМР, во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени... Читать дальше...



Москва

Воскресшего Иисуса могут дополнительно установить в церквях, вместо черепа.


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Шапка

Шапки женские вязаные на Wildberries, 2024 — новый цвет от 392 руб. (модель 466)




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Сотрудница ОМОН "Оплот" приняла участие в костромском забеге «Галичское Заозерье»

Олимпийский чемпион Роман Костомаров поздравил победителей номинации «Экскурсия без границ» программы «Лига Экскурсоводов»

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве


ATP

Даниил Медведев идет третьим в чемпионской гонке ATP, Андрей Рублев — пятый



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Новости 24 часа

В РМАТ ПРОШЕЛ I БИЗНЕС-ФОРУМ ВЫПУСКНИКОВ РМАТ 1999-2023 ГОДА ВЫПУСКА, ПОСВЯЩЕННЫЙ 55-ЛЕТНЕМУ ЮБИЛЕЮ АКАДЕМИИ



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России