Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Октябрь
2018

Новости за 14.10.2018

Најави за блокади и протести за време на собраниската седница за уставни измени

SlobodnaEvropa.mk 

Здружението на граѓани “Преродба” за утре најави протести и блокади пред македонското Собрание за, како што велат од здружението, продолжување на македонскиот отпор. Протестите ќе започнат во 10 часот, кога всушност започнува и собраниската седница на која ќе се расправа за уставните промени. Организаторите најавуваат протести секој ден од 10 до 14 часот, сè додека не се исполни барањето за поднесување оставкана актуелната власт. Од здружението најавија и организирање мораториумски народен собир и демонстрации пред Јавното обвинителство.

Лимај: Оваа година ќе имаме косовска армија

SlobodnaEvropa.mk 

Оваа година со закон ќе биде формирана косовска армија. Тоа може да се случи до крајот на ноември, изјави косовскиот вицепремиер Фатмир Лимај, објави косовската телевизија РТК. „Има три работи, кои ги очекуваме - визна либерализација, формирање на армија и членство во Интерпол“, рече Лимај. Косовската Влада на почетокот на месецот поднесе три законски проекти до Парламентот, поврзани со Силите за безбедност на Косово, од кои едниот се однесува на трансформацијата на лесно вооружените сили за безбедност во комплетена армија. Читать дальше...

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе ги поддржат новите санкции за Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија ќе ги поддржат новите санкции против Русија, поради наводното руско користење на хемиско оружје, соопшти шефот на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација Константин Косачев. „Шансата е 100 отсто дека министрите за надворешни работи на ЕУ и официјално ќе ги потврдат новите санкции против Русија на утрешните разговори во Луксембург“, рече Косачев.



Саудиска Арабија: Не подлегнуваме на закани или политички притисоци

SlobodnaEvropa.mk 

Саудиска Арабија нема да подлегне на какви било „закани“ за економски санкции или политички притисоци, соопшти денеска официјален Ријад откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди на „остра казна“ ако се утврди дека исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги е убиен во саудискиот конзулат во Истанбул. Во соопштението кое го објави државната агенција на Саудиска Арабија, исто така, се наведува дека таа држава ќе одговори на секој чекор, кој ќе биде преземен против неа. Агенцијата наведува... Читать дальше...

Маја Морачанин ќе ја наследи Лиле Поповска на чело на ДОМ

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеничката Маја Морачанин ја доби поддршката од Кадровската комисија на ДОМ за претседател на партијата, како предлог од општински организации, МОДОМ, Форумот на жените и Извршниот одбор, по што предлогот ќе оди на конечно утврдување пред Централниот одбор, последен пред Конгресот на 28 октомври 2018 година, соопшти партијата. Морачанин има дваесет годишно работно искуство во приватниот здравствен сектор, водејќи сопствена ординација за физикална медицина и рехабилитација како специјалист физијатар. Читать дальше...

Њујорк тајмс: Зетот на Трамп плаќал многу низок или никаков федерален данок на доход

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот весник „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на доверливи финансиски документи, објави дека „Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател, Доналд Трамп и висок советник во Белата куќа, плаќал многу низок или никаков федерален данок на доход во периодот меѓу 2009 и 2016 година“. „Овие документи се направени во соработка со Кушнер во рамки на проверката на неговите финансии од страна на финансиска институција која разгледувала дали да му позајми пари. Кушнер користел даночни олеснувања поради амортизација на недвижен имот... Читать дальше...

Во Македонија се јаде безбедна храна, тврди директорот на Агенцијата за храна

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, денеска изјави дека во Македонија постојано се спроведуваат контроли и дека се јаде безбедна храна. „Во Македонија се конзумира безбедна храна. Затоа постојат и мониторинг програми, како и посебна програма за безбедност на храната поделена во посебни сегменти и сите анализи покажуваат дека јадеме квалитетна односно безбедна храна“, изјави Атанасов на традиционална хуманитарна манифестација во пресрет на 16 Октомври, Светски ден на храната. Читать дальше...

Тевдовски: Пари за избори има и без ребаланс

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на прес-конференција во Владата го образложи предлогот за ребаланс на буџетот за 2018 година доставен до Собранието и рече дека главната причина за ребалансот е евентуалната одлука за предвремени парламентарни избори, која би ја оневозможила постапката за прекројување на државната каса. „Со парите од ребалансот финансиски ќе се поддржат општините во државата, Агенцијата за вработување, Фондот за здравствено осигурување и ПИОМ. Најголема релокација на средства има кај општините... Читать дальше...



Ураганот Лесли ја зафати Португалија, десетици повредени

SlobodnaEvropa.mk 

Во невремето што го предизвика ураганот Лесли, кој доцна синоќа ја зафати Португалија, повредени се 27 лица, а 60 се евакуирани. Повредените не се животно загрозени, изјави претставник на португалската Национална агенција за заштита. Лесли, од прва категорија ураган, прерасна во посттропски циклон со ветрови кои дуваат 110 километри на час. Сепак, државната телевизија РТП јави дека ветровите достигнуваат 170 километри на час во крајбрежниот град Фигуеира да Фоз, кој се наоѓа 200 километри северно од Лисабон. Читать дальше...

Изготвен ребалансот на буџетот, опозицијата обвинува за шверцерски потег на власта

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на синоќешната вонредна седница го усвои ребалансот на буџетот и ги запази роковите за негово испраќање на усвојување во Собранието. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ребалансот е направен шверцерски, а министерот Тевдовски вели дека и без ребаланс - пари има

Рохани: САД сакаат да го променат режимот во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот претседател Хасан Рохани ги обвини САД дека „сакаат да го променат режимот во Иран, при што користат психолошки и економски систем на дејствување за да ја примораат земјата на тоа“, објави новинската агенција Асошиејтед прес. „Намалувањето на легитимноста на системот е нивна крајна цел. Кога велат ослободете се од тоа, режимот се менува со свои зборови, како се случува промената на режимот? Со намалувањето на легитимноста“, изјави Рохани во телевизиско обраќање. Тензиите меѓу Иран и... Читать дальше...

19 мигранти загинале, a 11 се повредени во сообраќајка во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Деветнаесет мигранти загинале, меѓу кои и деца, во сообраќајна несреќа што се случи денеска во Турција, пренесоа турските медиуми, повикувајќи се на информации од турската новинска агенција Анадолија. Несреќата се случила кога камион со мигранти слетал од патот од Ајдин кон Измир и се превртел. Најмалку 11 од мигрантите се повредени, јавија турските медиуми. За сега нема информации за идентитетот на мигрантите, а истрагата за несреќата е во тек.

Чавушоглу: Саудиска Арабија да соработува во истрагата за новинарот Кашоги

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Саудиска Арабија треба да соработува во турската истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги и да им овозможи на турските претставници да влезат во конзулатот во Истанбул. „Ние се уште не сме виделе соработка на оваа тема и сакаме да ја видиме“, истакна шефот на турската дипломатија турскиот министер урскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на посетата на Лондон. Новинарот Кашоги (59) исчезна... Читать дальше...

Лидерот на руската опозиција Навални пуштен од притвор

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, денеска беше ослободен по 20 дена минати во притвор, објави новинската агенција Ројтерс.  Навални беше уапсен под обвинение за организирање на нелегален протест во септември. Навални беше во притвор од 24 септември, кога истече неговиот претходен 30-дневен притвор поради планираните демонстрации во јануари што владата не ги одобри, објави Ројтерс.

Могерини: Договорот со Грција е можност која може да не се повтори

SlobodnaEvropa.mk 

Ја имав привилегијата да присуствувам на потпишувањето на Договорот помеѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев во јуни покрај Препсанското Езеро. Двете страни покажаа политичка храброст, лидерство, одговорност и работеа неуморно за да ги премостат разликите и старите проблеми и да го постигнат овој историски договор кој цела Европа го поздрави. Сега има национални процедури за имплементација на договорот што се одвиваваат во двете страни и тоа треба да биде заштитено и почитувано, вели во интервју за МИА... Читать дальше...

Почина актерката Милена Дравиќ

SlobodnaEvropa.mk 

По тешко боледување, ноќеска во Белград, на 79-годишна возраст, починала познатата актерка Милена Дравиќ, јави новинската агенција Танјуг. Милена Дравиќ, една од најпознатите српски и југословенски актерки, е родена на 5 октомври 1940 година во Белград. Играше во преку сто филмови, театарски претстави и ТВ серии. Меѓу нејзините најпознати улоги се и ролјите во филмовите „Утро“, „Козара“, „Битката на Неретва“, „Работа на одредено време“, „Татко на службен пат“, „Не е лесно со мажите“, „Зона Замфирова“…... Читать дальше...

Селмани - Пропагандната машинерија на Груевски сега е пријателска кон новата власт

SlobodnaEvropa.mk 

Пропагандната машинерија, со промената на власта почнува да работи за интересите на новата власт. Мејнстрим медиумите сега веќе се многу пријателски настроени кон новата власт, а тие беа ударната тупаница на режимот на Груевски, вели Насер Селмани, претседател на ЗНМ, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Времето денеска - Сончево со мала облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе се движат од 18 до 27 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 24 степени. Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури без позначителни промени и ќе се задржат малку над просекот за овој период од годината.



Москва

Lipatov Sound заявил о выходе нового трека “Red City”


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Сергей Шнуров

Любовь Аксенова, Олег Трофим, Сергей Шнуров и другие на премьере фильма «Майор Гром: Игра»




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Сотрудница ОМОН "Оплот" приняла участие в костромском забеге «Галичское Заозерье»

Олимпийский чемпион Роман Костомаров поздравил победителей номинации «Экскурсия без границ» программы «Лига Экскурсоводов»

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников


WTA

Потапова не смогла пробиться во второй круг турнира WTA в Страсбурге



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

В новом доме на Годовикова установили индивидуальные счётчики отопления



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России