Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Октябрь
2018

Новости за 12.10.2018

Славески - ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори, нема да гласа за уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори. Уставните измени се апсолвирани и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласаат. Ова вечерва го изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за финансии Трајко Славески. Пред седницата на ИК на партијата, Славески рече дека ќе разговараат за вонредните парламентарни избори и за термините за нивното одржување: 25 ноември, 2 декември, 9 декември или на пролет. „Првото прашање е подготовка на партиската инфраструктура, кое е почнато. Второто е подготовка... Читать дальше...

Болтон во посета на Русија и кавкаските држави

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, соопшти дека од 20 октомври ја започнува турнејата на која ќе ги посети Русија, Азербејџан, Ерменија и Грузија. Тој на својот профил на Твитер објави дека за време на турнејата ќе разговара со високи официјални претставници на овие земји за, како што пишува, да ги унапреди американските интереси за голем број безбедносни прашања. Руската новинска агенција РИА објави дека рускиот секретар за безбедност, Николај Патрушев, планира да се сретне со Болтон 22 и 23 октомври. Читать дальше...

Путин во јануари ќе ја посети Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Србија во јануари. За ова денеска разговарале српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин. „Вучиќ на средбата изјави дека е чест за Србија повторно да биде домаќин на претседателот Путин и дека Белград ќе ги покаже сите широчини на српското гостопримство“, информираше Службата на српскиот председател за соработка со медиумите. Најавено е дека наскоро ќе се одржи седница на Мешовитиот меѓувладин комитет за соработка... Читать дальше...



Десетици илјади луѓе се собраа во Барселона против независноста на Каталонија

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици илјади луѓе денеска излегоа на улиците на Барселона, на прославата на национален празник на Шпанија, отфрлајќи ја идејата на сепаратистичките лидери на Каталонија, кои бараат независност од Шпанија. Многумина учесници на собирот носеа шпански знамиња и извикуваа „Да живее Шпанија“ и „Да живее Кралот“. Полицијата соопшти дека на улиците се собрале околу 65 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека имало околу 300 илјади. Каталонските регионални власти на 1 октомври 2017 година одржаа референдум за независност... Читать дальше...

Собраниската уставна комисија изгласа да се почне со измени на Уставот

SlobodnaEvropa.mk 

Со 10 гласови за и 7 против, Собраниската Комисија за уставни прашања го усвои заклучокот Собранието да го поддржи предлогот на Владата за уставни измени и Собранието да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот. Со третиот заклучок, Собранието ѝ наложи на Владата во рок од 15 дена да подготви нацрт текст на уставни амандмани. Собраниската седница е закажана за в понеделник и за да се усвои одлуката за пристапување кон измени на Уставот ќе биде потребно двотретинско мнозинство. Со тоа... Читать дальше...

Пожарот во Лисиче е изгаснат

SlobodnaEvropa.mk 

Пожарот што попладнево избувна во близина на каналот во Лисиче е изгаснат, по интервенцијата на четири возила со 11 пожарникари.  „Пожарот е комплетно ликвидиран. Во моментов се прави обиколка и контрола на теренот. Зафатена е сува трева од еден хектар и 20-ина половни возила растурени за делови“, изјави за МИА Мирослав Беслаќ, заменик-командир на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Причината, рече тој, засега е непозната, но најверојатно е од човечки фактор. Пожарот бил пријавен во 14:35 часот.

Дваесет грчки функционери осомничени во врска со пожарот кај Атина

SlobodnaEvropa.mk 

Дваесет грчки функционери се осомничени за разни кривични дела во врска со пожарот во близина на Атина на 23 јули годинава во кој загинаа 99 луѓе. Обвинителскиот тим, кој го истражува пожарот, ги повика 20-те функционери наредната недела да дадат исказ во врска за делата за кои се сомничат. Роднини на жртвите уште летоска поднесоа кривични пријави против различни грчки функционери. Обвинителите ги повикаа да дадат исказ префектот на покраината Атика, Рене Дуру, како и претседателите на општините Маратон и Рафина. Читать дальше...

Погребана бугарската новинарка Маринова

SlobodnaEvropa.mk 

Стотици граѓани, роднини, пријатели и колеги денеска се простија од убиената бугарска новинарка Викторија Маринова на погребот во нејзиниот роден град Русе. Градоначалникот на Русе Пламен Стоилов рече дека „бруталното убиство на новинарката фрлило сенка на мирниот град.“  „Во вакви моменти, освен болка, човек не може да чувствува друго. Ние испраќаме млада девојка од 30 години, мајка. Убиена на особено суров начин. Болка и лутина, нема ништо друго да се каже. Поради тоа јас ќе инсистирам на максимална казна. Читать дальше...



Турскиот суд го ослободи американскиот свештеник Брансон

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот суд пресуди да го ослободи од домашен притвор американскиот свештеник Андру Брансон и покрај тоа што го осуди на три години затвор за обвиненија поврзани со тероризам. Судот наведе дека Брансон, кој беше во центарот на дипломатскиот спор меѓу Анкара и Вашингтон, нема веќе да поминува време во притвор поради времето што веќе го отслужил. Одлуката на судот беше донесена на четвртото рочиште, што значи дека Брансон ќе може да ја напушти Турција и да се врати во САД. Брансон беше обвинет... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ: власта најави задолжување од 53,6 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

Веќе за идната недела оваа влада најави ново задолжување и тоа од најмалку нови 3,3 милијарди денари односно околу 53,6 милиони евра, соопштува денеска ВМРО-ДПМНЕ.  Од партијата наведуваат дека оваа аукција на државни хартии од вредност е најавена за 16-ти октомври. „Во рок од три недели наназад оваа власт веќе по истиот основ ја задолжи за 102 милиони евра. Јавниот долг веќе достигна 48,8% од проектираниот БДП. Ако на ова се земе фактот дека растот на БДП ќе биде помал од проектираниот, односно... Читать дальше...

На 18 октомври ново рочиште за „Титаник 3“

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за предметот на СЈО „Титаник 3“, во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, бидејќи како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“, денеска почна од почеток поради промена на судската порота. На денешното рочиште СЈО и адвокатите на обвинетите ги потврдија претходно изнесените воведни говори, а по изјаснивањето на обвинетите Аљими и Гури дека не чувствуваат вина, судењето продолжи со доказна постапка. Според СЈО... Читать дальше...

Армаколас: Ако пропадне Договорот за името, тешко до нов

SlobodnaEvropa.mk 

На наредните избори во Грција, според сите предвидувања, би можела да победи Нова демократија, која го отфрла договорот, особено во врска со членот со кој се дефинира поимот македонски, за името на народот и јазикот во соседната држава.

Мисовски: опозицијата да даде поддршка на уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски денеска ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на пленарната седица в понеделник да ги поддржат уставните измени и заеднички да ја обезбедат европската иднина на граѓаните. „Убеден сум и не сакам да верувам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за уставни измени во понеделник, рече Мисовски, повикувајќи ги колегите од опозициската партија истовремено со поддршката на уставните измени да го бранат и, како што рече, заедничкиот став за евроинтеграциските процеси на државата. Читать дальше...

В понеделник почнува воената вежба „Македонски блесок 14“

SlobodnaEvropa.mk 

Воената вежба „Македонски блесок 4“ ќе се одржи од 15 до 20 октомври на армискиот полигон Криволак. Целта е преку самооценување, согласно НАТО оперативните способности, да се демонстрира нивото на борбена готовност на дел од декларираните единици на АРМ: декларирана чета на воена полиција и капацитетите за поддршка на операциите водени од НАТО. Во рамки на „Македонски блесок 14“ ќе се изврши увид во армиските можности за структурирање, функционирање и оспособеност на декларираната Копнена Маневарска Болница (КМБ)... Читать дальше...

Рочиште за „Траекторија“: се читаа СМС пораки меѓу Јанакиески и Ставрески

SlobodnaEvropa.mk 

Вкупно 103 СМС пораки кои биле разменети меѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески во периодот меѓу 16 мај 2012 и 3 април 2013 година, денеска беа прочитани во Кривичниот суд на рочиштето за предметот на СЈО „Траекторија.“ По паузата од еден час треба да бидат читани 156 пораки меѓу Јанакиески и тогашниот државен секретар во Министерство за транспорт и врски Елена Кузмановска. Адвокатот Еленко Миланов ги оспори доказите и... Читать дальше...

Русија ги суспендираше сите лансирања на вселенските леталата „Сојуз“

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“ изјави дека екипажот на мисијата „Сојуз“, кој направи принудно слетување во прекинатото лансирање на 11 октомври, на пролет следната година ќе започне нова вселенска мисија. Но, вселенската агенција денеска соопшти дека сите лансирања на вселенски летала од типот на „Сојуз“ ќе бидат суспендирани откако било утврдено дека проблемот бил предизвикан од судир на првата и втората фаза на ракетата за време на првата фаза на одвојување. Тоа предизвика... Читать дальше...

Уставните измени најдоцна до крајот на јануари

SlobodnaEvropa.mk 

Деловникот на Собранието предвидува строги рокови за дебата за измените на Уставот. Собраниски извори посочуваат дека може да има мало скратување, но само во услови ако нема доволно пријавени за дебата.

Квалификуван кадар има, но не сака да работи за малку пари

SlobodnaEvropa.mk 

Работодавачите постојано се жалат дека недостигаат квалификувани работници. Во Агенцијата за вработување има повеќе невработени отколку што се нудат работни места, но ако се погледнат огласите за работа, може да се забележи дека често се нуди минимална плата за доктори или за инженери.

Осомничениот за убиството на Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Лицето осомничено за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова наскоро ќе биде префрлено во Бугарија, соопшти Обвинителството во германскиот град Целе. Според Обвинителството, тој ќе биде екстрадиран за десет дена.   „Дваесетгодишното лице призна дека под дејство на алкохол и дрога „ја удрил жртвата“ и ја „фрлил во грмушка“. Тој исто така тврди дека не „сакал да ја убие жртвата и негира дека ја силувал“, наведува Обвинителството.


Музыкальные новости
Кажетта Ахметжанова

Мистический Тибет: путеводитель по местам силы от Кажетты Ахметжановой





Rss.plus
Сергей Безруков

Появился трейлер исторического детектива «Плевако» с Сергеем Безруковым в роли легендарного российского адвоката  




Священник Савченко раскрыл, чем опасно гадание

Фестиваль духовной музыки «Светоч» в Мончегорске: участие ансамбля «Благовест» и певчих Свято-Вознесенского кафедрального Собора

Сдвоенные «Ласточки» будут ходить между Москвой и Нижним Новгородом в мае

Собянин: в майские праздники Москву посетили 2,2 млн туристов




Суштински или површински промени во медиумскиот простор?

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани вели дека промената на власта не донесе значително подобрување на состојбата со медиумите. Власта пак уверува дека транспарентноста е нивен заштитен знак и дека медиумите во неа имаат партнер за остварување на правата и унапредување на состојбата

Ново рочиште во турскиот суд против американскиот свештеник Брансон

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот христијански свештеник, во услови на дипломатски спор меѓу Анкара и Вашингтон, пристигна на суд во Турција за продолжување на неговото судење за обвиненија поврзани со тероризам, при што набљудувачите чекаат да видат дали ќе биде ослободен поради заканите од понатамошни санкции од САД. Четвртото рочиште во случајот против Андрју Брансон ќе се одржи денеска во затворскиот комплекс во близина на западниот град Измир. 50-годишниот Брансон се соочува со 35 години затвор доколку биде осуден за обвиненијата за тероризам и шпионажа. Читать дальше...

Србија го укина безвизниот режим за Иранците

SlobodnaEvropa.mk 

Србија го укина безвизното влегување во земјата за Иранците, една година откако го воведе. Образложението е дека некои од нив го користеле безвизниот систем како начин за постојано преселување во Европа. Повеќето ирански мигранти го злоупотребувале овој режим и преку Србија илегално заминувале за некоја земја од Европската унија. Над 15 илјади Иранци ја посетиле Србија од воведувањето на безвизниот режим во август лани.

Босанските Хрвати против изборот на Комшиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку илјади Босански Хрвати протестираа против изборот на умерениот политичар Жељко Комшиќ за хрватски член во Претседателството на Босна и Херцеговина. Насобраните маршираа низ етнички поделениот Мостар и палеа свеќи пред канцеларијата на хрватскиот член на колективното Претседателство. Во ова Претседателство има по еден претставник на бошњачката, на хрватската и на српската националност. Комшиќ е за зацврстување на единството на БиХ, додека неговиот претходник Драган Човиќ се залага Хрватите да бидат трет ентитет во земјата.

Украина пред историска разделба од руската црква

SlobodnaEvropa.mk 

Украина во четвртокот обезбеди одобрување за формирање независна црква во она што Киев вели дека е витален чекор против руското мешање во нејзините работи. Меѓутоа руското свештенство жестоко се спротивставува на најголемата поделба во христијанството во последниве илјада години.

Карајанов: Македонија нема доказ дека Русија се мешала во референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

„Нема ни најмал доказ дека Русија се мешала во референдумот за името“. Ова во интервју за руската новинска агенција ТАСС го изјавил македонскиот амбасадор во Москва Гоце Карајанов. Запрашан дали Скопје има некаква причина да се сомнева оти Москва интервенирала во референдумот, Карајнов ја повторил изјавата на премиерот Зоран Заев дека не постоела никаква индикација оти Русија се обидела да влијае во Македонија. „Не знам што би можел да додадам во врска со ова“, изјавил амбасадорот Карајнов. Тој, како што јавува ТАСС... Читать дальше...



Москва

В Москве произошла драка с участием 15 человек, двое в больнице


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин. Главное за день



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Певец

Певец Эмин Агаларов дал первый концерт в России после трагедии в "Крокусе"




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве

Сергей Собянин подвел итоги Московской олимпиады школьников

«Молитесь, друзья»: сын олимпийского чемпиона Ивана Стретовича погиб во время родов в Новосибирске


ATP

Сумасшедший матч «Реала», Медведев опустился в рейтинге ATP. Главное к утру



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

BNA: Король Бахрейна прибудет в Москву по приглашению Путина



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России