Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Октябрь
2018

Новости за 17.10.2018

Поранешен грузиски претседател обвинет за заговор за убиство на политичар

SlobodnaEvropa.mk 

Грузиското обвинителство поднесе обвинение против поранешниот претседател Михаил Сакашвили за заговор за убиство на опозициски политичар кој почина во Велика Британија на почетокот од 2008 година. Според обвинителството, истрагата покажало оти Сакашвили "го овластил" Министерството за внатрешни работи да го организира заговорот за убиство на Бадри Патаркацишвили во кој биле вклучени тогашниот шеф на агенцијата, Податоци Ахалаја и тројца негови високи извршни директори. Сакашвили веднаш го отфрли обвинението. Читать дальше...

Химната на хуманизмот и човештвото во Македонска филхармонија

SlobodnaEvropa.mk 

„Борба, надеж, победа“ е насловен симфониски концерт на Македонската филхармонија што ќе се одржи в петок, на 19 октомври, во 20 часот. Ќе биде изведена една од најмонументалните симфонии на сите времиња - Симфонија бр. 9 од класикот Лудвиг ван Бетовен.

Вучиќ: Заминувањето на УНМИК од Косово ќе ја доведе Србија во тешка позиција

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека заминувањето на УНМИК од Косово, како и формирањето војска би ја довело неговата земја во ужасно тешка позиција. Тој по повод писмото на американската амбасадорка во ОН Ники Хејли со кое бара повлекување на УНМИК од Косово, истакна дека САД сакаат да отстранат се што Обединетите нации претставуваат во Косово, бидејќи за нив Косово е независна и суверена држава. Според него, формирањето војска на Косово би претставувал голем и речиси нерешив проблем... Читать дальше...



Екстрадиран осомничениот за убиството на бугарската новинарка Маринова

SlobodnaEvropa.mk 

Осомничениот за убиството на новинарката Викторија Маринова од бугарскиот град Русе, Северин Красимиров денеска беше екстрадиран од Германија во Бугарија. Красимиров бил пречекан од тим на затворската стража, која ќе го префрли во Русе. Се очекува по пристигнувањето во градот, Красимиров да биде притворен и против него да биде поднесено официјално обвинение. Обвинителството во германскиот град Целе претходно соопшти дека осомничениот ќе биде екстрадиран за десет дена. „Дваесетгодишното лице призна... Читать дальше...

Топлификацијата на Битола повторно влегува во игра

SlobodnaEvropa.mk 

СДСМ порано го критикуваше проектот за топлификација на Битола, но сега, откако дојдоа на власт, продолжуваат со проектот и велат дека не може да се откажат поради меѓународен договор што го склучила поранешната власт.

Помпео наскоро очекува решение за санкциите кон Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара изјави дека очекува наскоро да биде најдено решение за санкциите на САД кон Турција. ,Дел од овие санкции беа воведени поради приведувањето на американскиот пастор Ендрју Брансон во Турција, кој пред неколку дена беше ослободен од домашен притвор и веќе се врати во САД. Како што соопшти претходно Стејт департментот, главна тема на средбите на Помпео со неговите турски домаќини бил случајот со исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги. Читать дальше...

Расправата за уставните измени продолжува в петок

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за в петок го закажа продолжувањето на расправата за уставните измени по денешната попладневна дискусија во која учествуваа само пратениците од СДСМ. Пратениците од ВМРО - ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ претходно соопштија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од расправата и да се пристапи кон гласање за измените на Уставот.

Расправата за уставните измени продолжува во петок

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за во петок го закажа продолжувањето на расправата за уставните измени по денешната попладневна дискусија во која учествуваа само пратениците од СДСМ. Пратениците од ВМРО - ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ претходно соопштија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од расправата и да се пристапи кон гласање за измените на Уставот.



За Иран санкциите од страна на САД се „слепа одмазда“

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти соопштија дека последната рунда на санкции од страна на САД врз земјата се навреда за меѓународниот поредок кој произлегува од "слепа одмазда" против иранската нација. САД вчера воведоа санкции врз мрежа од околу 20 ирански корпорации и финансиски институции. САД тврдат дека мрежата обезбедува финансиска поддршка за иранската паравоена единица, која според земјата, регрутира и обучува деца-војници за Иранскиот Исламски револуционерен корпус. Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи... Читать дальше...

Ученик го извршил нападот во Крим, најмалку 17 жртви

SlobodnaEvropa.mk 

Руските власти соопштија дека 17 учеици и вработени во политехничко училиште во Крим се убиени во бомбашки и вооружен напад, спроведен од еден ученик, кој потоа се самоубил. Најмалку 50 лица биле повредени во нападот во градот Керч. Портпаролката на истражниот комитет Светлана Петренко изјави дека се работи за напад кој не е поврзан со тероризам, но се уште не се знае мотивот. Според неа, нападот го извршил 18 годишниот ученик Владислав Рослаков.

СДСМ реагира на писмото на Мицкоски до Мичел

SlobodnaEvropa.mk 

Од СДСМ денеска реагираат дека идентично како неговиот претходник, Никола Груевски и новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја срамоти Македонија во очите на демократскиот светот и се кара со најголемите стратешки пријатели на земјава. Според СДСМ, се поочигледно е дека Мицкоски има проблем со членството на Македонија во ЕУ и НАТО. „Ако продолжи да се обидува да ја блокира иднината на Македонија, во следните неколку денови парламентарното мнозинство ќе распише предвремени парламентарни избори“, наведуваат од СДСМ. Читать дальше...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат против измените на Уставот

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ денеска на заедничка координација одлучија да се откажат од јаловата дебата која што се води во Собранието на Република Македонија, соопштија од партијата. „Пратеничката група заклучува дека е кажано се и дека нема потреба од натамошна дебата во однос на предложените уставни измени и Договорот од Преспа што беше отфрлен од народот на Референдум. Истовремено, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ апелираат... Читать дальше...

Мицкоски до Мичел: не го прифаќаме Договорот од Преспа

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во писмо до помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, го отфрла неговото барање ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот од Преспа. „Овој Договор е штетен за интересите на мојата нација и татковина и како таков е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во писмото на Мицкоски. Тој образложува дека процесот на преговори со Грција бил воден авантуристички и нетранспарентно, дека референдумското прашање било двосмислено и оти референдумот не бил успешен. Читать дальше...

Ципрас ја прифатил оставката на Коѕијас

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас денеска поднел оставка, еден ден откако во владиниот кабинет имал тензичен состанок со министерот за одбрана Панос Каменос, јавуваат дел од грчките медиуми. Како што јавуваат грчките медиуми, премиерот Ципрас ја прифатил оставката и тој ќе го преземе министерствотот за надворешни работи. Весникот „Катимерини“ цитира извори кои велат дека Коѕијас бил незадоволен поради фактот што на вчерашниот состанок, премиерот Алексис Ципрас не го поддржал во нападите од Каменос. Читать дальше...

Путин и ал-Сиси ќе потпишат договор за стратешко партнерство

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска отвори официјални разговори со неговиот египетски колега Абдел Фатах ал-Сиси во ресортот Сочи на Црното Море. Путин на почетокот на разговорите рече дека билатералната трговија минатата година се зголемила за 62%. Двајцата претседатели денеска треба да потпишат договор со кој дополнително ќе се зголемат руско-египетските односи, соопшти советникот за надворешни работи на Путин, Јуриј Ушаков. Тој додаде дека Путин и ал-Сиси дискутирале за меѓународни прашања... Читать дальше...

Ученици со позитивни примери за меѓуетничка соработка

SlobodnaEvropa.mk 

Зајакнување на меѓуетничката соработка и интеграција меѓу младите во образованието, преку овозможување простор каде тие критички ќе размислуваат и ќе учат едни од други. Ова е една од целите на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

Влада: уставните амандмани ќе бидат формулирани по гласањето во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Владата ќе пристапи на изработка на уставните амандмани дури откако ќе заврши работата во Собранието со изгласување на потребата за нивно изготвување и најдобро е тие да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. „Премиерот Заев е трет ден во Собранието. Сите пораки се кристално и јасно искажани од собраниската говорница. Потребно е да се изгради национален консензус бидејќи како што вели и премиерот пресериозна е работата. Читать дальше...

Помпео на разговори во Турција за исчезнувањето на новинарот Кашоги

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео одржа разговори со турските лидери во Анкара за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Помпео, кој денеска пристигна во Турција од Саудиска Арабија, отиде директно да разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Кашоги, кој ги критикуваше саудиските власти, не е виден откако влезе во саудискиот конзулат на 2 октомври. Турските власти соопштија оти веруваат дека Кашоги бил убиен и дека неговото тело било отстрането од конзулатот... Читать дальше...

Загинати и повредени при експлозија во техничко школо во кримскиот град Керч

SlobodnaEvropa.mk 

Очевидци велат дека експлозија во кримскиот град Керч предизвикала жртви, а во руските извештаи е наведено дека е можно да се загинати десет лица. Руските новински агенции цитираат извори од центарот за контратероризам кој велат дека експлозијата била предизвикана од експлозивна направа.  Експлозијата се случила денеска во едукативна институција во градот на источниот дел на полуостровот, кој Русија го презема од Украина во 2014 година. Претходно, руската државна новинска агенција РИА цитираше... Читать дальше...


Музыкальные новости
Егор Крид

Егор Крид, Ольга Бузова, JONY и другие на премии ЖАРА Music Awards





Rss.plus
Родион Газманов

Сергей АРУТЮНОВ на своём сольном концерте в Государственном Кремлёвском Дворце презентовал дуэт с Родионом Газмановым. Артисты вместе исполнили хит “Люси”




Китайская Haiwei и РФПИ вложат 7 млрд руб. в строительство терминала по перевалке СУГ на Дальнем Востоке

Владимирские продукты подтвердили звание лучших

Значение менеджмента и туристической отрасли как драйвера устойчивого развития региона обсудили в КБГУ

Подмосковная команда выиграла Кубок России по мотоболу




Има ли шанса за лидерски договор за уставните измени?

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ деновиве порачаа дека лидерите треба да седнат и да најдат решение за уставните измени. Заев изрази подготвеност за средба, а Мицкоски порача дека со премиерот има шанса само да констатираат дека договорот е мртов. Аналитичарите се надеваат дека ќе се стигне до помирување.

Продолжува рочиштето за настаните во Собранието на 27 април

SlobodnaEvropa.mk 

Продолжува рочиштето во новата зграда на Кривичниот суд за настаните од 27 април, со сведочење на загрозениот сведок „С1“, без присуство на јавноста. Во судницата се присутни обвинетите, адвокатите на обвинетите и адвокатите по службена должност кои вчера ги назначи Судот по напуштањето на рочиштето на одбраната на обвинетите кои се жалеа дека немаат услови за работа. На вчерашното рочиште кое започна во новата зграда на Кривичниот суд, јавноста беше исклучена, а поради технички причини судењето беше префрлено во стариот објект на Судот. Читать дальше...

Иран тврди дека е убиен „организаторот“ на нападите во Ахваз

SlobodnaEvropa.mk 

Корпус на Иранската револуционерна гарда тврди дека го убил главниот „организатор“ на нападот на воената парада минатиот месец во градот Ахваз, во кој загинаа 24 лица. Во изјава објавена денеска на државните медиуми, припадниците на гардата објавија дека сојузничките сили во Ирак убиле лице идентификувано како Абу Заха „организаторот на неодамнешните терористички криминал во Ахваз“, заедно со четири други милитанти. На веб страницата на иранската државна телевизија е наведено дека Абу Заха бил член на Исламската држава... Читать дальше...

Петмина загинати во борби во источна Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Украина соопшти дека двајца нејзини војници се убиени и еден повреден како резултат на судири со сепаратистите поддржани од Русија на истокот на земјата. Министерството за одбрана денеска соопшти дека сепаратистичките борци 19 пати го прекршиле прекинот на огнот, користејќи митралези, минофрлачи и ракетни гранати и дека украинските сили убиле тројца сепаратистички борци, а двајца повредиле. Сепаратистите поддржани од Русија соопштија дека украинските сили 27 пати го прекршиле прекинот на огнот, користејќи ист тип на оружје. Читать дальше...

Градежна експанзија во Аеродром и Карпош

SlobodnaEvropa.mk 

Во Аеродром и во Карпош постојано се градат нови згради. Секое парче зеленило и неискористен простор се узурпира и на нивно место изникнуваат висококатници. Во Аеродром во изминатата година биле завршени 726 станови, а во Карпош 458.

Во Аеродром во радиус од 500 метри 29 нови згради

SlobodnaEvropa.mk 

Во Аеродром во изминатите неколку години се изградиле најмногу станови. Во радиус од околу 500 метри во општината од 2013 година до денес се изградиле или во тек е изградбата на 29 згради. Поставени се и темели на четири нови висококатници.



Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о роли несырьевого экспорта в российской экономике


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Собянин: Московскому метрополитену исполнилось 89 лет



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Влад Топалов

«Я много раз в жизни ходил по краю»: Влад Топалов откровенно высказался в шоу «Человек-невидимка» на ТВ-3




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Строительные леса обрушились у здания спортшколы на Новочеремушкинской улице

Звезды спорта. Кто они такие и почему их так называют?

Инсайты, стратегии и нетворкинг для профессионалов: 21 июня пройдет ежегодный форум «Спорт и Бизнес»


WTA

Азаренко вышла в четвертьфинал турнира WTA-1000 в Риме



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России