Италијанската и грчката полиција запленија 315 килограми марихуана
![Италијанската и грчката полиција запленија 315 килограми марихуана](https://gdb.rferl.org/4BCD78DE-5F71-47ED-BF8E-E49F8A56C3D8_w800_h450.jpg)
Италијанската и грчката полиција во две одделни акции запленија 315 килограми марихуана шверцувана од Албанија. Полицијата од италијанскиот град Рагуза на островот Сицилија заплени 190 килограми марихуана, чија вредност на пазарот е проценета на 1,5 милиони евра, а во акцијата се уапсени двајца албански државјани на возраст од 28 години, на кои им биле одземени три илјади евра.
Во исто време, грчката гранична полиција во зелениот пограничен појас во близина на селото Филат заплени 125 килограми марихуана и уапсила седуммина Албанци на возраст од 22 до 26 години. Дрогата била спакувана во вреќи, кои приведените ги носеле на грб.